Бројот на заболени со КОВИД-19 во нашата држава достигна 201. Во изминативе 24 часа беа регистрирани 24 нови случаи.
Министерот за здравство Венко Филипче објави дека 15 од нив се од Скопје, 4 од Куманово, 2 од Дебар и по еден од Охрид, Штип и Тетово.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (123)
- Дебар (43) од кои 2 починати
- Куманово (15) од кои 1 починат
- Штип (8)
- Велес (3)
- Охрид (3)
- Кавадарци (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)
- Тетово (1)
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти.
За жал, новиот коронавирус однесе 3 животи кај нас. Вчера беше објавено дека иако медицинските лица упорно се бореле да ја спасат, почина и првата пациентка која беше поставена на респираторна машина.