Според најновото соопштение на Министерството за здравство, денес Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.
Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД -19. По градови, новите заболени се од: Скопје (12), Куманово (3), Штип (1) и Тетово (5).
Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на КОВИД-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.
Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.