Според најновиот извештај на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје регистрира 20 нови оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (5), Прилеп (2), Тетово (1) и Велес (6).
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.
Вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.