Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.047 тестирања, а има 1.269 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 686
- Тетово – 75
- Битола – 65
- Куманово – 61
- Велес – 48
- Гостивар – 44
- Кавадарци – 33
- Прилеп – 32
- Кичево – 26
- Гевгелија – 25
- Охрид и Валандово – по 20
- Неготино – 16, Ресен – 12
- Струмица и Струга – по 11
- Дебар – 9
- Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 8
- Штип и Делчево – по 7
- Радовиш и Крушево – по 6
- Виница – 5
- Свети Николе и Кратово – по 4
- Берово и Демир Хисар – по 3
- Демир Капија и Пехчево – по 2
- Пробиштип и Дојран – по
Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: четири од Скопје (53г, 64г, 84г и 85г), по две од Охрид (75г и 88г), Струга (71г и84г) и Кочани (67г и 79г) и по едно од Делчево (73г), Куманово (74г), Прилеп (70г) и Струмица (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 59 г. до 91г. Лицата за починати се пријавени во период од 30.01. до 12.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 848 оздравени пациенти од:
- Скопје – 227
- Тетово – 78
- Куманово – 64
- Кавадарци – 58
- Битола – 54
- Велес – 47
- Гевгелија – 35
- Прилеп – 32
- Гостивар – 30
- Неготино и Струмица – по 27
- Охрид – 25
- Кочани – 23
- Штип – 22
- Кичево – 13
- Струга и Свети Николе – по 12
- Ресен – 8
- Богданци и Делчево – по 7
- Валандово, Крива Паланка и Радовиш – по 6
- Дебар, Виница и Кратово – по 4
- Демир Капија, Пробиштип и Македонски Брод – по 3
- Крушево – 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи изнесува 10.095.