Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.897 тестирања, а има 1.264 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 585
- Прилеп 60
- Битола 59
- Штип 58
- Куманово и Велес по 56
- Кавадарци 42
- Струмица 36
- Тетово и Охрид по 35
- Гостивар 31
- Гевгелија 28
- Кочани 22
- Свети Николе 21
- Неготино 17
- Кичево, Берово и Пробиштип по 13
- Ресен 11
- Радовиш 9
- Валандово и Крушево по 8
- Струга 7
- Демир Капија и Пехчево по 6
- Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци по 5
- Македонски Брод 3
- Кратово и Демир Хисар по 2
- Дебар и Македонска Каменица по 1
Пријавени се вкупно 29 починати лица, на возраст од 38 до 86 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, по 3 од Охрид и Струмица, по 2 од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по еден од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија.
Регистрирани се 722 оздравени пациенти од:
- Скопје 331
- Охрид 59
- Кавадарци 36
- Прилеп 33
- Неготино 25
- Битола 24
- Куманово 23
- Гостивар и Крива Паланка по 22
- Гевгелија 20
- Струга 18
- Велес 16
- Тетово, Штип, Кочани и Струмица по 13
- Валандово 7
- Кичево, Радовиш, Делчево и Богданци по 4
- Демир Капија и Пробиштип по 3
- Свети Николе, Берово, Ресен и Крушево по 2
- Виница, Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.