Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Спиењето и вашето здравје

Спиењето и вашето здравје

Спиењето е неопходно за да останеме живи. Тоа е состојба кога нашето тело се обновува и се полни со енергија. За време на спиењето се намалува нивото на енергија која ја трошиме, мускулите се одмараат и обновуваат и нашиот мозок добива можност да ги обработи спомените и работите кои сме ги научиле во текот на денот. Нема подобар начин да го завршите напорниот ден од спиењето.

Среќна жена во креветМоќта на добриот сон е огромна, иако за жал често ја потценуваме.

5 здравствени причини зошто спиењето е толку важно

Спиењето е луксуз за зафатените луѓе, но токму ним најмногу им е потребно. Моќта на добриот сон е огромна, иако за жал често ја потценуваме. Благодарение на спиењето функционираме нормално. Тоа придонесува за:

  1. Зајакнување на имунолошкиот систем. Постои директна врска помеѓу спиењето и имунитетот, т.е. недостатокот на сон го намалува имунитетот. Нашиот имунолошки систем е дизајниран за да може да нè штити од настинка и грип. Па, ако е заслабен како резултат на недоволен сон, почесто заболуваме од сезонски грип и настинка.
  2. Намалување на ризикот од срцеви болести и рак. Нарушувањата во спиењето и хроничната несоница го зголемуваат ризикот за појава на срцеви заболувања, срцев удар, нерегуларен ритам на срцето и висок крвен притисок.
  3. Заштита од рак. Добриот сон помага и во заштитата од рак. Кога имунолошкиот систем на телото е силен, тоа може да се бори и против сериозни заболувања како рак. Експертите тврдат дека луѓето кои работат ноќна смена се изложени на повисок ризик од рак на дојка и рак на дебелото црево, поради нивото на мелатонин. Изложеноста на светлина го намалува нивото на мелатонин, хормон за кој се верува дека нè прави поспани и штити од рак. Мелатониниот го намалува растењето на тумори. Затоа, многу е важно да спиете во темна просторија. Скоро 90% од луѓето кои имаат инсомнија, страдаат и од друг здравствен проблем.
  4. Појава на депресија. Дури и ако само во текот на една недела имате проблеми со спиењето, тоа ќе се одрази негативно на вашето расположение. Ако спиете под 5 часа дневно ќе се појави стрес, лутина, тага и психичка изнемоштеност. Доколку недостатокот на сон продолжи подолг период, се појавуваат симптоми на депресија. Најчестата форма на нарушување на спиењето, инсомнијата, е директно поврзана со депресијата. Луѓето кои страдаат од инсомнија се изложени на пет пати повисок ризик од појава на депресија.
  5. Намалување на стресот. Недоволниот сон води до создавање на поголемо количество на кортизол, хормонот на стресот. Од друга страна, спиењето придонесува за опуштање на мускулите на телото, релаксација и намалување на активноста на мозокот, што води до помалку стрес.

Последици од недостатокот на добар сон

Спиењето ни дава физички и психички одмор и благодарение на тој одмор секој ден можеме да функционираме без проблеми. Иако навидум може да не забележите, недостатокот на добар сон влијае многу негативно врз целосното здравје и нормално функционирање на луѓето. Еве неколку последици од недоволниот одмор во текот на ноќта:

Жена што спиеСпиењето ни дава физички и психички одмор.
  1. Намалена желба за секс. Намалената енергија, поспаноста и напнатоста кои се јавуваат поради недоволниот сон, придонесуваат луѓето да имаат намалена желба и заинтересираност за секс. Намаленото либидо се појавува и кај мажите и кај жените.
  2. Неможност за учење и мислење. Недостатокот на сон влијае негативно врз учењето и мислењето, затоа што ја намалува концентрацијата, трезвеноста и способноста за решавање на проблеми. За време на ноќта се „складираат“ спомените, па ако не спиете доволно, нема да можете да ги запомните работите кои сте ги научиле во текот на денот.
  3. Дебелеење. Ако не спиете доволно, не бидете изненадени кога диетата и физичката активност нема да ви помогнат да си ја подобрите формата. Недостатокот на сон го зголемува апетитот, чувството на глад и желбата за консумација на мрсна храна и храна богата со јаглехидрати, па со тоа влијае негативно врз телесната тежина.
  4. Невнимание и несреќи. Недоволниот сон го намалува времето за реакција, па многу често тоа е причина за несреќи. Уморниот човек реагира бавно, исто како и пијаниот. Луѓето кои имаат проблеми со спиењето, почесто имаат повреди и незгоди на работното место.
  5. Стареење на кожата. Многу славни личности, кога ќе бидат запрашани која е тајната на нивната убавина, кажуваат дека тоа е спиењето. Се разбира, нивната тајна се крие и во скапата нега која ја добиваат, но има голема доза на вистина во тврдењето дека спиењето е сојузник на убавината. Кога телото не добива доволно одмор и сон, тоа создава поголема количина на хормонот на стресот, кортизол. Во големи количини кортизолот може да го разложи колагенот, кој што ѝ дава еластичност и нежност на кожата. Повеќето луѓе кои имаат проблеми со спиењето имаат и кожа без блесок, потечени очи и темни кругови околу очите.

Колку сон ви е потребен?

Колку сон ви е потребен зависи од многу фактори, особено од возраста. Новороденчињата обично спијат најмногу, по 16 часа дневно. Децата во предучилишна возраст треба да спијат по 11 часа, а децата што одат на училиште – 10.

Иако често тинејџерите сакаат да спијат како бебиња, ним им се доволни 9 часа спиење. Повеќето возрасни се добро одморени и наспани по 7-8 часа сон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.