Почетна » Новости » Истражувања » Добриот сон помага во топењето на масни наслаги

Добриот сон помага во топењето на масни наслаги

Ако сакате да го намалите обемот на стомакот, треба да внимавате не само на исхраната, туку и на тоа колку спиете.

Научниците им препорачуваат на оние кои држат диета да внимаваат да имаат и добар сон, затоа што тоа ќе им помогне во согорувањето на масни наслаги. Тие откриле дека недоволното спиење го стимулира создавањето на хормонот кој ја намалува физичката активност и процесите за согорување на мастите во телото, а го зголемува гладот.

Жена што спиеДобриот сон ќе ви помогне да согорите повеќе масти од телото

За да дојдат до овие заклучоци, експерти набљудувале 10 доброволци кои биле на диета и кои поминале 4 седмици во лабораториски услови. Во текот на првите две седмици ним им било дозволено да спијат по осум и пол часа, а во наредните две седмици по пет и половина. Во текот на целото истражување доброволците практикувале само лежерни активности.

Резултатите покажале дека доброволците ослабеле ист број килограми и во текот на првите и во текот на вторите две седмици. Но, било откриено дека во периодот кога учесниците спиеле 8 и пол часа изгубиле двојно повеќе масти, во споредба со периодот кога спиеле само 5 и пол часа.

Во текот на вторите две седмици, кога спиењето им било ограничено, кај доброволците било забележано и зголемено лачење на грелин, хормонот кој предизвикува глад.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.