Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Кога и зошто се вадат умниците?

Кога и зошто се вадат умниците?

Умниците се последните заби на крајот на вилицата кои се појавуваат најчесто на возраст од 17 до 25 години, во стадиумот на младоста кој е поврзан со стекнувањето на зрелоста.

Овие заби не предизвикуваат никакви проблеми кога се правилно порамнети, но најчесто не е тоа случај. Тие растат неправилно и предизвикуваат болка и повреди, станувајќи проблем за нашето орално здравје, што на крајот резултира со препорака за нивно отстранување.

Жан Митрев

Имаме 4 умници кои се сместени зад катниците на горната и долната вилица. Но, кај некои луѓе тие може делумно да никнат или дури и никогаш да не излезат, што значи дека остануваат под ткивото на непцата.

Кога треба да се вадат умниците?

Најчеста причина да размислите за отстранување на умниците е ако тие не можат целосно да излезат поради недостаток на простор во вилицата. Ова може да се должи на состојбата на мандибуларниот раст или анатомски и наследни фактори.

Кога овие заби остануваат делумно во непцата, тешко се гледаат и чистат, при што се акумулира храна, наслаги и нечистотија и можат да привлечат бактерии, зголемувајќи го ризикот од страдање од кариес или орални инфекции.

Во други случаи, умниците можат да растат со хоризонтална наклонетост, оштетувајќи ги блиските заби. Ова, исто така, го зголемува ризикот тие да заболат од кариес во области кои се тешко достапни за лекување.

Понекогаш, насоката на никнување на умниците е коректна. Но, ако во вилицата немаат доволно простор да се сместат, тие може да не излезат и да останат импактирани. Ова може да доведе и до инфекции, како и до цисти кои можат да ги оштетат корените на другите заби или виличната коска.

Жан Митрев

Кои симптоми укажуваат на проблеми умниците?

Најчестите знаци кои укажуваат дека тие не се развиле правилно и/или дека предизвикуваат проблеми и инфекции се следните:

  • Болка во вилицата и оток околу забот
  • Воспаление и црвенило на непцата
  • Оток на образот
  • Крварење и чуствителност на забите во засегнатата област
  • Tреска
  • Халитоза
  • Болка во увото
  • Непријатност при јадење

Кога нема потреба да се вадат умници?

Иако неретко растењето на умниците предизвикува проблеми, не е секогаш потребно нивното вадење. Особено додека нивниот раст и развој и ризикот што го има нивното присуство за останатите заби е контролиран, тие не треба да се отстранат.

Исто така доколку тие се здрави, целосно излегле, зазеле правилна положба и може лесно да се чистат секојдневно, нема потреба да се отстрануваат.

Кога треба да се оди на лекар?

Доколку сте искусиле некој од споменатите симптоми, со рутинска рендгенска снимка може да се открие состојбата на вашите умници за да се процени можноста за екстракција (отстранување) и навреме да се избегнат компликации.

Во новоотворениот центар за стоматологија во клиниката Жан Митрев, тимот на стоматолози составен од орален хирург, специјалист по ортодонција, стоматолог, техничари и стоматолошки сестри ви стојат на располагање за сите ваши потреби од областа на здравјето на забите. Закажете бесплатна консултација до 31.08.2024г. на 072 267 064 или 02 3091 484.

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19656 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.