Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Зошто да не го прескокнувате појадокот?

Зошто да не го прескокнувате појадокот?

Кога бевте мали, сигурно вашата мајка постојано ви повторуваше дека појадокот е најважниот оброк во денот. Иако таа реченица ви е врежана во главата, веројатно често ви се случува наутро брзајќи да летнете низ врата без да ставите нешто в уста, или пак, велејќи си дека со прескокнување на појадокот ќе заштедите некоја калорија, да гладувате до ручек.

Секое прескокнување на појадокот е грешка која го засегнува и вашето здравје и вашиот изглед.

ПојадокПојадокот е најважниот оброк во денот

Но, зошто е појадокот толку важен? Еве ги најубедливите причини поради кои треба да појадувате секој ден:

1

Појадокот ги подобрува концентрацијата, фокусот и продуктивноста

Појадокот не само што го снабдува со енергија вашето тело, туку го храни и вашиот мозок. Докажано е дека децата кои редовно појадуваат имаат подобри резултати на тестовите на училиште, а возрасните се попродуктивни на работа.

Ако цело утро зјапате во екранот од мониторот без да исполните ниту една задача, тогаш причината за вашата непродуктивност можеби се крие во тоа што сте го започнале денот со две чаши кафе наместо со обилен здрав оброк.

Јадењето наутро ја подобрува концентрацијата и ја зголемува способноста за фокусирање. Веројатно имате почувствувано дека е тешко да се сконцентрирате додека ви кркори стомакот.

2

Појадокот ја зголемува енергијата

Луѓето кои го започнуваат денот со појадок имаат повеќе енергија и можат да издржат поинтензивна физичка активност. Тоа значи дека ако појадувате, поголема е веројатноста да го издржите напорниот час по аеробик и полесно да го оформувате вашето тело.

3

Појадокот го подобрува расположението

Луѓето кои појадуваат го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот, што резултира со чувство на благосостојба. Ако не појадувате, поголема е веројатноста да бидете раздразливи и нервозни. Истражувањата покажуваат дека „појадувачите“ помалку страдаат од анксиозност, депресија и хиперактивност.

4

Појадокот го забрзува метаболизмот

Кога не јадете подолг период (во текот на ноќта), телото започнува да „мисли“ дека гладувате и складира повеќе масти. Појадокот го стимулира метаболизмот и го поттикнува телото да согорува калории.

5

Појадокот го контролира апетитот

Иако можеби си мислите дека со утринското гладување ќе го намалите внесувањето на калории и ќе го забрзате слабеењето, реалноста е дека тоа е погрешна стратегија. Ако гладувате во почетокот на денот, истражувањата покажуваат дека подоцна ќе бидете посклони кон прејадување. Луѓето кои не појадуваат прават и полош и понездрав избор на храна во остатокот од денот.

6

Појадокот го намалува ризикот од дијабетес

Кај луѓето кои појадуваат се намалува ризикот од појава на дијабетес, прекумерна дебелина или кардиоваскуларни заболувања.

3 идеи за здрав и брз појадок

Немате време за богат појадок? Еве три брзи предлози за да го започнете денот здраво и енергично:

  • Овесна каша со млеко. Измешајте овесни снегулки со млеко и додајте неколку тенки парчиња јаболко и суво грозје или сушена брусница.
  • Интегрален леб премачкан со путер од кикиритки и јаболко.
  • Тврдо варени јајца, интегрален леб и банана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.