Почетна » Новости » Истражувања » За здраво срце, не го прескокнувајте појадокот

За здраво срце, не го прескокнувајте појадокот

Појадокот е најважниот оброк во денот – правило кое никогаш не треба да го заборавите. Не само што ќе ви помогне да ја одржите линијата, туку ќе ви помогне и да го заштитите вашето срце.

Жена што појадуваПојадувањето ја одржува вашата линија и здравјето на вашето срце

Редовното прескокнување на појадокот води до зголемување на телесната тежина и зголемување на нивото на холестерол, а предизвикува и телото да складира повеќе масти во областа на стомакот. Сите тие фактори водат до зголемување на ризикот од појава на болести на срцето.

Научници од Универзитетот во Тасманија набљудувале 2184 доброволци во текот на 20 години. Тие откриле дека на поголем ризик од срцеви болести се изложени оние кои како деца го прескокнувале појадокот и продолжиле да ја практикуваат таа лоша навика и кога пораснале.

Резултатите јасно покажале дека додека да стигнат до крајот на своите дваесетти години, оние кои ретко појадувале биле на добар пат да развијат некоја срцева болест.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.