Почетна » Здравје » Заболувања » Редовните контроли – клучни за навремено откривање и решавање на заболувањата на простатата

Редовните контроли – клучни за навремено откривање и решавање на заболувањата на простатата

Кога зборуваме за машкото здравје и современиот начин на живеење, најчесто споменуваниот орган кој страда е простатата.

Простатата е дел од машкиот репродуктивен систем и се наоѓа веднаш под мочниот меур. Низ овој орган поминува делот од уринарниот тракт по напуштањето на мочниот меур. Простатата има различни функции, од кои најважна е да произведува дел од семената течност. Простатата има и ендокрина функција, што значи дека лачи и хормони. Простата е комплексен орган кој бара внимание и доколку почуствувате проблеми, не смеете да ги игнорирате, туку треба да одите на преглед кај уролог. Проблемот може да биде брзо и едноставно решлив, но честопати може да се работи за сериозно заболување како простатитис, бенигна хиперплазија на простатата (БХП), па дури и рак на простата.

Секоја од овие болести е крајно опасна за секој маж и бара посебно медицинско внимание, без одлагање!

Простата

Кои се ризик факторите за заболување на простатата?

Истражувањата покажуваат дека генетските фактори во семејството, хормоните, исхраната, пушењето и консумирањето алкохол значително може да го зголемат ризикот од развој на заболувања на простатата.

Болести на простата

Простатитис

Простатитисот е воспаление на простатата и е најчесто поврзан со одредена бактерија. Вообичаените симптоми вклучуваат: болно или тешко мокрење и хронична болка во препоните, карличната област или гениталиите. Доколку не се лекува навреме, простатитисот може да предизвика сериозни проблеми и тоа обично се забележува кај сексуално активни мажи. Третманот го одредува доктор уролог согласно видот и силината на воспалението.

Бенигна хиперплазија на простатата (БХП)

Ова е болест карактеристична за мажите по 40-тата година од животот кога простатата почнува постепено да расте. Особено, внатрешниот дел на простатата може да се зголеми, а жлездата на простатата, која вообичаено е со големина на костен, може да достигне големина на јаболко или дури и портокал. Токму оваа состојба се нарекува бенигна хиперплазија на простатата (БХП). Вообичаените симптоми вклучуваат: болки и неможност за мокрење.
Првиот чекор во третманот на бенигна хиперплазија е секако посета на уролог со цел прецизна дијагностика по што ќе следи лекување.

Простата

Ракот на простата

Ова е болеста која најстрашно звучи кога се зборува за машкото здравје. Всушност, ракот на простатата претставува неконтролирано растење на клетките во жлездата на простатата. Вообичаените симптоми се: неможност за мокрење, крвава урина итн. Опасноста од пробивање на овие клетки низ капсулата што ја опкружува простатата е голема и токму таа состојба може да стане опасна, па дури и по животот на самиот маж! Ракот на простатата, за разлика од бенигното зголемување на жлездата на простатата, не настанува од центарот на простатата, туку од регионот блиску до капсулата, подалеку од центарот. Иако ракот на простата има бавна прогресија, сепак треба будно да се следи и навремено да се реагира.

Клучни се редовните контроли, барем еднаш годишно доколку немате симптоми или веднаш доколку ви се појави било каква болка, проблем со мокрење и слично. Освен уролошкиот преглед, потребно е да се направи и ПСА тест, како и тест за PHI индекс.

Овој тест се прави преку крвна анализа и го мери количеството на простата-специфичен антиген.

Зошто токму овој орган е на удар последниве неколку децении и што би можеле да направиме превентивно?

Брзиот начин на живот, секојдневната преоптеретеност со обврски и нередовниот животен стил имаат огромно влијание, бидејќи тие го наружуваат функционирањето на целиот организам, па и самата простата. Затоа препораките се едноставни. Одржувајте нормална телесна тежина преку внесување здрава исхрана и практикување редовна физичка активност. Конкретно, дебелината и прекумерната телесна тежина, се предизвикувачи болестите на простатата. Истражувањата покажаа дека генетските фактори од семејството, хормоните, исхраната, пушењето и консумирањето алкохол може да го зголемат ризикот од развој на заболувања на простатата. Бидејќи најважни се фамилијарните ризици, се препорачува редовно годишно следење за сите мажи по 50 годишна возраст, особено оние со семејна историја на рак на простата, во однос на ризикот од рак на простата.

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19647 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.