Почетна » Здравје » Интимно » Гинеколошки тајни кои треба да ги знаете

Гинеколошки тајни кои треба да ги знаете

Ние жените сме склони многу често да паничиме без причина, особено кога станува збор за проблемите „таму долу“. Затоа ние ќе ви откриеме неколку гинеколошки тајни кои треба секоја жена да ги знае.

Контрацептивни апчиња
Кај многу жени апчињата за контрола на бременоста ја намалуваат желбата за секс.

Апчињата за контрола на бременоста може да ја намалат желбата за секс.
Според експертите, кај многу жени апчињата за контрола на бременоста предизвикуваат опаѓање на либидото. Тоа не важи само за жените кои се во репродуктивен период. И жените во менопауза, кои пијат вакви апчиња за да ги контролираат различните симптоми како промена расположението, можат да почувствуваат намалување на желбата за секс.

Главоболките предизвикани од мигрена може да ја зголемат желбата за секс.
Сигурно последното нешто што ви паѓа на ум кога имате главоболка е да имате секс. Но, не бидете изненадени ако чувствувате поголема желба да бидете интимни со вашиот партнер во периодот од 24 часа пред да започне да ве мачи мигрената. Оваа појава експертите тешко можат да ја објаснат. Според нив најверојатно тоа се случува поради покаченото ниво на серотинот, за кој претпоставуваат дека има врска со сексуалниот апетит.

Оргазмот може да ги елиминира главоболките и менструалните грчеви.
Последните истражувања покажуваат дека дури кај 20% од жените кои имаат мигрена, откако ќе доживеат оргазам болката им се намалува. Тоа не е прв пат оргазмот да се сврзува со олеснување на болка. Многу жени тврдат дека оргазмот им помага во намалувањето или елиминирањето на менструалните грчеви.

Полесно е да префатите СПБ, ако имате секс додека имате менструација.
Навистина, периодот додека имате менструација е време кога шансите да останете бремена се најмали. Но, тоа е период кога вие сте најизложени на сексуално преносливите болести (СПБ) и инфекциите. Тоа е така затоа што тогаш се менува киселоста на вагината и полесно е бактериите да се распространуваат. Киселоста на вагината не е поволна средина за бактериите, но менструалното крварење е алкално и затоа менструацијата создава услови за развивање на бактериите.

Носењето на памучна долна облека и промената на прашокот за перење го намалува ризикот од вагинитис.
Вагинитисот е иритирање на вагината. Тој предизвикува поголем вагинален секрет, печење и чешање. Ако носите памучна долна облека и го смените прашокот за перење, ќе го намалите ризикот од појава на овој непријатен проблем. Исто така не употребувајте парфимирани интимни продукти.

Оралниот секс го зголемува ризикот од повторна појава на габична инфекција.
Истражување спроведено во Мичиген, Америка, во кое учествувале 200 мажи и жени, покажа дека кај жените кои преферираат орален секс, многу почесто се повторуваат габичните инфекции. Тоа не значи дека оралниот секс е проблем за сите. Но, жените кои често страдаат од овој проблем, треба да го земат под внимание овој факт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19682 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.