Почетна » Здравје » Интимно » Аноргазмија

Аноргазмија

Што е тоа аноргазмија?

Аноргазмијата е многу честа појава. Тоа е термин со кој се означува неспособност за достигнување оргазам и покрај доволна сексуална стимулација.

Проблеми во сексот
Аноргазмијата е многу честа појава и може да предизвика сериозни проблеми во една врска.

Околу 15% од жените признаваат дека имаат проблеми со достигнувањето на оргазам, а 10% од жените во Америка никогаш не го почувствувале задоволството на оргазмот. Дури и жените кои што можат да ја достигнат врвната точка, достигнуваат оргазам во 50-70% од случаите.

Симптоми и типови на аноргазмија

Примарна аноргазмија. Тоа значи дека никогаш не сте доживеале оргазам.

Секундарна аноргазмија. Овој тип на аноргазмија значи дека порано сте го достигнувале „врвот“, но сега имате потешкотии.

Ситуациона аноргазмија. Тоа значи дека можете да доживеете оргазам само во одредени ситуации како орален секс или мастурбација. Овој тип на аноргазмија е многу застапен меѓу жените. Дури 70% од жените достигнуваат оргазам само со стимулација на клиторисот, а не за време на сексуален однос.

Причини за појавата на аноргазмија

Доживувањето на задоволството од оргазмот е комплексна реакција на многу физички, емоционални и психолошки фактори.

  1. Физички причини:
    • Алкохолот и дрогата. Една чаша вино може да ве опушти и разнежни, но консумирањето на повеќе алкохол може да ви ја намали способноста да достигнете оргазам. Дрогата е штетна не само за вашето здравје, но и за вашиот сексуален живот.
    • Болест. Секоја болест може да влијае негативно врз способноста на достигнете оргазам, вклучувајќи ги и дијабетесот и мултиплекс склерозата. Гинеколошките операции исто така можат да ви попречат да го доживеете врвот.
    • Процесот на стареење. Како што стареете, така промените во вашето тело си го покажуваат своето влијание врз сексуалноста. Опаѓањето на нивото на естрогени, во периодот на менопауза, влијае лошо врз способноста за достигнување на оргазам. Ниското ниво на овој хормон ја намалува чувствителноста на клиторисот, брадавиците на градите и кожата.
  2. Психолошки причини:
    • Културните и религиозните верувања;
    • Стресот и финансиските можности;
    • Срамот;
    • Чувството за вина од уживањето во сексот;
    • Ментални проблеми како депресија и нервоза.
  3. Проблеми во врската:
    • Отсуство на врска со партнерот;
    • Нерешени проблеми и несогласувања;
    • Отсуство на комуникација за сексуалните желби на двата партнери;
    • Отсуство на доверба и изневера.

Совети

Фактот дека не можете да достигнете оргазам може да предизвикува стрес за вас и вашиот партнер. Ако постојано се концентрирате само на тоа, проблемот може да се влоши.

Запомнете дека сексуалните техники и пози кои ги користите, немаат многу врска со достигнувањето на врвната точка. Нема магичен метод по кој ќе достигнете оргазам.

Обидете се подобро да го запознаете своето тело и да употребувате различни начини за сексуална стимулација. Мастурбацијата може да ви помогне да откриете кои допири ви помагаат да достигнете до врвот и таа информација да ја споделите со својот партнер. Ако не се чувствувате пријатно да го правите тоа сама, истражувајте заедно со својот партнер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.