Почетна » Здравје » Заболувања » Синузитис – воспаление на параназалните синуси

Синузитис – воспаление на параназалните синуси

Воспалението на параназалните синуси е заболување при кое слузницата што ги обложува синусите е отечена, црвена и воспалена. Доколку оваа состојба не се лекува, може да настане блокада на синусите и затворање на отворите кои овозможуваат комуникација со носот. Тоа доведува до заробување на воздухот и мукусот во синусите, можност за развој на микроорганизми и последователно инфламација на ткивото.

Воспалението на синусите може да се јави во форма на акутен, субакутен, хроничен и повторувачки синузитис и најчесто се должи на бактериска, вирусна или габична инфекција, но може да биде и резултат на алергии, назални полипи, девијација на назален септум, инфекција на заб и др.

Синузитис

Симптоми

Симптомите се делат на мајорни и минорни. За да се постави дијагноза, потребни се најмалку два минорни и еден мајорен или два мајорни симптоми.

Мајорни симптоми

  1. Болка и/или притисок во некој дел од лицето (челото, пределот меѓу очите, носот и образите);
  2. Назална опструкција;
  3. Назална секреција или постназален исцедок (зелен или жолт секрет кој излегува од предниот дел на носот или се цеди од задниот дел на носот во грлото);
  4. Хипосмија (намалено чувство за мирис);
  5. Аносмија (изгубено чувство за мирис);
  6. Покачена телесна температура.

Минорни симптоми

  1. Непријатен мирис на здивот;
  2. Замор;
  3. Болка во ушите и забите;
  4. Кашлица;
  5. Главоболка.

Горенаведените симптоми се јавуваат и при акутен и при хроничен синузитис. Единствено кај хроничниот синузитис симптомите се присутни подолг временски период и заморот е поизразен, додека за акутниот синузитис покарактеристична е појава на треска и висока температура.

Дијагноза

Освен клиничката слика, за поставување на дијагноза потребен е и комплетен физикален преглед. По потреба се изведуваат и дополнителни испитувања како алерголошки тестови, крвни анализи, микробиолошки испитувања, назална ендоскопија, рендгенолошки испитувања, компјутеризирана томографија и магнетна резонанца.

Како да си помогнете во домашни услови?

Ублажете ги симптомите со помош на следниве совети:

  1. Вдишувајте пареа. Пуштете жешка вода од тушот, седнете во бањата и дишете од пареата 15-20 минути. Друга алтернатива: налејте жешка вода во длабок сад, наведнете се над садот, прекриете ја главата со крпа со цел да го „заробите” жешкиот воздух и дишете длабоко од пареата 20-тина минути. Со ова овозможувате да се намали отокот и опструкцијата на синусите.
  2. Ставете топла, влажна крпа на лицето. Тоа ќе ви помогне во намалување на болката и притисокот.
  3. Користете назален солен раствор. Ставајте од растворот по неколку капки повеќе пати во текот на денот со цел да се прочистат носните ходници и да се намали назалната конгестија.
  4. Пијте повеќе течности. Течноста помага во разводнување на густиот мукус, а тоа ќе придонесе за разрешување на опструкцијата.
  5. Избегнувајте консумирање на алкохолни пијалаци. Алкохолот го потенцира отокот што би можело да ја влоши состојбата.
  6. Одморете се. Доколку имате инфекција на синуси, потрудете се добро да се одморите и да му дадете шанса на вашето тело да закрепне.
  7. Избегнувајте прекумерна употреба на лекови. Деконгестивите и лековите против болка може да ви помогнат, но нивна прекумерна употреба може да ги влоши симптомите.
  8. Направете напиток од јаболков оцет. Кога ќе ги забележите првите знаци на синузитис, подгответе го напитокот од јаболков оцет кој помага за разводнување на мукусот и за негова полесна елиминација.

    Подготовка: Во 200ml вода додајте 2 супени лажици нефилтриран јаболков оцет и една супена лажица мед. Добро промешајте. Консумирајте го напитокот 3 пати на ден во период од 5 дена.

  9. Користете екстракт од семе од грејпфрут. При синузитис,набавете назален спреј кој го содржи овој екстракт. Екстрактот од семе од грејпфрут е моќен природен антибиотик кој се користи за борба против бактерии, паразити, вируси и габички и ќе ви помогне да се справите со воспалението.

Доколку симптомите не се повлекуваат или пак се влошуваат, неопходна е лекарска помош.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.