Почетна » Здравје » Заболувања » Мигрената – многу повеќе од главоболка

Мигрената – многу повеќе од главоболка

Што е мигрената?

Мигрените се хронични главоболки кои предизвикуваат болка која трае од неколку часови до неколку денови. Симптомите можат да бидат толку неподносливи, што ќе мислите само на кревет во темна соба во кој ќе можете да се одморите.

Главоболка
Мигрената може да биде придружена од гадење, повраќање и екстремна чувствителност на светлина и звуци.

Кај некои луѓе нападите на мигрена се поинтензивни, отколку кај други. Пред да се појави мигрената некои луѓе добиваат нешто како знак - гледаат одблесоци од светлина, црни точки или чувствуваат трпки во рацете и нозете. Мигрената често е придружена и од други непријатни симптоми како гадење, повраќање и екстремна чувствителност кон светлина и звуци.

Причини за појавата на мигрена

До денес не се знае кои се точните причини за појавата на мигрената, но најголем дел од експертите сметаат дека мигрената е наследна и може да биде предизвикана од многу фактори.

Шансите да страдате од мигрена ви се поголеми за 50-60%, ако еден од вашите родители има мигрена. Тие шанси се зголемуваат на 75%, ако и двата ваши родители имаат проблеми со мигрената.

Главоболките типични за мигрената може да бидат предизвикани и од многу други фактори како:

Промена на хормоните кај жените. Варирањето на естрогенот предизвикува главоболка кај жените кои страдаат од мигрена. Кај нив главоболката се појавува непосредно пред или во текот на менструацијата, кога нивото на естроген значително опаѓа. Некои жени развиваат мигрена за време на бременоста и во текот на менопаузата.

Храна. Некои главоболки се предизвикани од одредени храни. Алкохолот, особено црвеното вино и пивото, чоколадото, прекумерната консумација на кофеин и солените храни можат да бидат причинители на главоболката на мигрената.

Стрес. Стресот на работа или семејните проблеми влијаат врз мигрената.

Лекарства. Мигрената може да биде резултат на некои лекарства кои ги примате. Ако се посомневате дека одредени лекови ви предизвикуваат мигрена, консултирајте се со вашиот лекар за да ви препорача нивна замена.

Спиењето. Мигрената може да започне ако спиете предолго или ако ви недостига сон.

Физички фактори. Интензивната физичка активност може да предизвика напад на мигрена.

Стимулирање на чувствата. Силна светлина или гласна музика може да предизвика мигрена. Исто така предизвикувачи на мигрената можат да бидат и непријатни миризби – непријатни парфеми, чад од цигари и сл.

Симптоми

Мигрената најчесто се јавува уште во детството, пубертетот или раната младост. Некои од симптомите на мигрената се:

  • Средно силна до силна главоболка која е присутна или на едната или на двете страни од главата;
  • Пулсирачка главоболка;
  • Болка која се влошува со физичка активност и попречува во исполнувањето на секојдневните обврски;
  • Гадење со или без повраќање;
  • Чувствителност на светлина и звуци.

Кога не се лекува мигрената може да трае од 4-72 часа, но колку често ќе се појавуваат нападите на мигрената зависи од човек до човек.

Ризични групи

Жените. Главоболките се почести кај момчињата во периодот на детството, но во пубертетот девојките имаат почесто главоболка од момците. Жените се три пати посклони кон мигрена од мажите поради промените во нивоата на хормоните.

Помладите од 40 години. Половината од луѓето кои страдаат од мигрена ја почувствувале за прв пат пред да наполнат 20 години. Мигрената најчесто ги засега луѓето од 30 до 39 годишна возраст.

Луѓето во чија фамилија има случаи на мигрена. Ако и двата ваши родители страдаат од мигрена, многу голема е веројатноста и вие да го имате овој непријатен проблем.

Совети

  1. Релаксирајте се. За медитацијата и јогата не ви се потребни специјални справи и можете редовно да ги правите дома во опуштена атмосфера. Најдете си активност што ве релаксира и правете го тоа барем половина час секој ден. Можете да слушате релексирачка музика, да читате книга и сл.
  2. Потрудете се да имате здрав сон. Осигурете се секој ден да спиете доволно, но не предолго. На просечниот возрасен човек му се потребни 6-8 часа мирен сон. Обидете се да не легнувате да спиете премногу доцна.
  3. Кога имате мигрена – одмарајте се. По можност правете го тоа во тивка и темна соба. Нежно масирајте ги местата каде што ја чувствувате болката.
  4. Водете дневник. Запишувајте ги околностите во кои добивате мигрена. Сигурно ќе ги откриете причините што вас ви причинуваат главоболка. Тоа може да биде менструацијата, силна светлина или звук, одредена храна и др. Така ќе можете да му дадете насока на вашиот доктор.
  5. Пазете на исхраната. Мигрената може да се појави ако прескокнувате оброци. Избегнувајте го консумирањето на алкохол (пиво, црвено вино) и намалете го внесувањето на кофеин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.