Цинк

Цинкот е многу важен минерал, кој што учествува во многу процеси во организмот. Како и другите минерали, така и цинкот треба да се консумира редовно преку исхраната или како додаток. Тоа му помага на организмот да функционира правилно и лесно да се бори против болести.

Зошто е важен цинкот?

ОстригиОстригите и другите морски дарови се богати со цинк.

На повеќе од 200 ензими во телото им е потребен цинкот за да функционираат правилно. Цинкот е потребен за создавањето на многу хормони, меѓу кои и хормоните кои што му кажуваат на имунолошкиот систем како да се бори кога ќе го нападнат бактерии.

Цинкот е особено важен за оние хормони, кои што го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон. Недостигот на цинк кај мажите го намалува нивото на тестостерон и бројот на сперматозоидите.

Нивото на тестостерон влијае и врз сексуалната активност, големината на мускулната маса, растот на коските и сл. Затоа е потребно мажите да му посветат поголемо внимание на цинкот.

Организмот се справува полесно со настинките и грипот кога има доволно цинк во него, затоа што цинкот помага за зајакнување на имунолошкиот систем. Освен тоа цинкот помага и за одржувањето на добар изглед на кожата. Тој го контролира лачењето на лојните жлезди и помага во борбата против акните. И добриот вид на очите во голема мера зависи од цинкот.

Најголем дел од цинкот во телото е концентриран во кожата, косата, ноктите и очите (кај мажите и во простатата).

Симптоми при недостиг на цинк

Некои од симптомите кои што можат да се појават кога имате ниско ниво на цинк во организмот се:

  • Забавен раст кај децата;
  • Чести инфекции;
  • Бавно заздравување на рани;
  • Опаѓање на косата;
  • Загуба на чувството за вкус;
  • Иритација на кожата.

Кои луѓе се изложени на ризик од недостиг на цинк?

Строгите вегетаријанци. Храната од животинско потекло е најдобар извор на цинк. Овошјето скоро и не содржи од овој минерал. Затоа, оваа група е особено изложена на ризик од недостиг на цинк.

Луѓе што јадат храна која содржи многу растителни влакна. Зрнестата храна како житариците се сврзува со цинкот и со тоа ја спречува неговата апсорпција од организмот.

Трудниците и доилките. На оваа група им се потребни дополнителни количества цинк, затоа што дел од него се пренесува на нивното бебе.

Луѓето над 50 годишна возраст. Способноста на телото да апсорбира цинк се намалува со зголемувањето на годините.

Алкохоличарите. Редовното консумирање, дури и на мало количество алкохол, води до намалување на нивото на цинк во телото.

Препорачани дневни потреби

  • Бебиња (0-6 месеци) – 2mg
  • Бебиња (7-12 месеци) – 3mg
  • Деца (1-3 години) – 3mg
  • Деца (4-8 години) – 5mg
  • Деца (9-13 години) – 8mg
  • Мажи (14 – 18 години) – 11mg
  • Жени (14-18 години) – 9mg
  • Мажи (19 години и нагоре) – 11mg
  • Жени (19 години и нагоре) – 8mg
  • Трудници (19 години и нагоре) – 11mg
  • Доилки (19 години и нагоре) – 12mg

Мажите треба да внесуваат поголеми количини на цинк, отколку жените. Трудниците и доилките исто така имаат поголеми дневни потреби од овој минерал.

Храна богата со цинк

Дневните потреби на цинк најдобро е да ги задоволувате преку исхраната. Цинкот е најзастапен во црвеното месо, рибата и морските плодови, јаткастите плодови, семките од тиква и сончоглед и јајцата.

Овошјето и зеленчуците содржат минимални количини цинк. Од нив најмногу цинк има во крушите, оревите, црешите, гравот, грашокот и леќата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.