Почетна » Здравје » Витамини и минерали » Калциум за здрави коски

Калциум за здрави коски

Калциумот е важен минерал кој што на сите ни е познат, затоа што има клучна улога во здравјето на коските. Тој помага уште и за одржување на здравјето на срцето, мускулите, нервите и забите. Поради тоа, консумирањето на доволно количество на калциум е особено важно за правилното функционирање на целиот организам.

Зошто калциумот е толку важен?

Млеко
Калциумот е најзастапен во млекото и млечните производи.

Повеќе од 99% од калциумот во нашето тело се складира во коските и забите, за да ги одржува цврсти. Кога калциумот се апсорбира во нашето тело тој со помош на витаминот Д се транспортира до коските. Таму, заедно со фосфорот им даваат цврстината на сите коски.

Коските растат и се оформуваат од десеттата до дваесеттата година од нашиот живот. По 30-тата година тој процес се забавува и трае до 30-тата година. Потоа организмот започнува да троши од складираните резерви на калциум, за да го одржува правилното функционирање на нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Многу истражувања покажуваат дека калциумот штити од покачување на крвниот притисок. Исто така калциумот помага и во заштитата од канцерогени заболувања.

Симптоми при недостаток на калциум

Некои од симптомите кои што можат да се појават при недостиг на овој важен минерал се:

  • Болки во зглобовите и чести скршеници по телото;
  • Кршливи нокти;
  • Инсомнија;
  • Грчеви во мускулите;
  • Екзема;
  • Вкочанетост во нозете и рацете.

Ако не се лекува, недостатокот на калциум може да доведе до остеопороза. Остеопорозата е заболување на коскениот систем, кое води до намалување на еластичноста на коските и појава на скршеници.

Препорачани дневни потреби

  • Бебиња (0-6 месеци) – 210mg
  • Бебиња (7-12 месеци) – 270mg
  • Деца (1-3 години) – 500mg
  • Деца (4-8 години) – 800mg
  • Деца (9-18 години) – 1 300mg
  • Возрасни (19-50 години) – 1 000mg
  • Возрасни (51 година и нагоре) – 1 200mg

Зголемени потреби на калциум имаат жените во менопауза. Тие особено треба да внимаваат на количеството калциум кое го внесуваат, за да се заштитат од остеопороза.

Храна богата со калциум

Калциумот е најзастапен во млекото и млечните производи како јогурт, сирење, кашкавал и изварка. Но, исто така се среќава и во брокулите, спанаќот, кинеската зелка и житариците.

Внесувањето на доволно количество витамин Д ја подобрува апсорпцијата на калциум од организмот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.