Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Бијонсе

Диетата и фитнесот на Бијонсе

Телото на познатата пејачка Бијонсе до ден денес предизвикува различни коментари. Некои едноставно сметаат дека е дебела, а други ѝ се восхитуваат на облините. Многу девојки посакуваат да имаат тело како на Бијонсе – тенка половина и цврст добро оформен задник.

БијонсеБијонсе консумира храна богата со протеини, а го оформува своето тело со танцување, трчање, вежби со мали тегови и јога.

Оваа статија ги открива диетата и фитнесот што Бијонсе ги практикува, за секогаш да измамува воздишки.

Диетата на Бијонсе

„Додека растеше Бијонсе беше буцкасто дете“ – многукратно има изјавено Тина Ноулс, мајката на Бијонсе.

Можеби Бијонсе некогаш била буцкаста, но денес нејзината фигура ги краде машките погледи. За да изгледа секогаш прекрасно на сцената и на црвениот тепих, Бијонсе внимава на својата исхрана.

Диетата на Бијонсе со состои од консумирање на храна богата со протеини. Популарната пејачка најчесто консумира кревко месо без маснотии и зелени зеленчуци.

На листата на забранетите храни во диетата на Бијонсе се црвеното месо, лебот и алкохолот.

Јадам многу здодевни нешта како зелени зеленчуци. Не јадам црвено месо или леб и не пијам алкохол – не го сакам вкусот на алкохол.

Бијонсе

Во текот на еден ден Бијонсе јаде шест мали оброци. Според експертите, консумирањето на шест мали оброци е најдобриот начин за добивање на убави цврсти стомачни мускули и рамен стомак.

Поминувам низ агонија за да го задржам мојот стомак колку што е можно порамен, иако според мене никогаш не ми е доволно рамен.

Бијонсе

Примерен план

Прв оброк: блокче од житарици (Corny).

Втор оброк: овошен плод.

Трет оброк: здрава салата наречена „Sasha Salad“ која содржи: пилешки гради, вински оцет, зелени пиперчиња, зелени зеленчуци, авокадо и домати.

Четврт оброк: „орео“ колачиња – колачиња како сендвич од две чоколадни бисквити помеѓу кои има бел крем.

Петти оброк: печена риба со зеленчуци.

Шести оброк: краставица зачинета со вински оцет.

Екстремната диета на Бијонсе

За да се подготви за својата улога во филмот Dreamgirls во 2006 година, Бијонсе успеа за кратко време да ослаби 10 килограми. Тогаш таа ја практикуваше екстремната диета со јаворов сируп.

Строгата диета со јаворов сируп е течна диета, за време на која не се консумира тврда храна. Со неа се слабее брзо, но нејзиното практикување значи буквално гладување. Затоа, оваа диета не е за секого.

Никогаш не би му ја препорачала оваа диета на никого, освен ако не му е неопходна за филм и само ако има соодветна помош.

Бијонсе

Направете смеса од 250ml топла или студена вода; 2 с.л. сок од лимон; 2 с.л. јаворов сируп и ¼ ч.л. чили во прав. Овие состојки ви се потребни да направите една чаша од „магичната“ напитка за слабеење. Во текот на еден ден од диетата треба да се консумираат 6-12 чаши.

Ако решите да ја применувате оваа диета, најдобро е да не ја практикувате подолго од 10 дена. Особено е важно да знаете како да ја завршите. Првите два дена по големото гладување треба да пиете природни сокови, потоа да преминете на супа и овошје и зеленчуци, за на крај да можете да вклучите и друга храна.

Оваа диета има многу негативни страни. Неконсумирањето на тврда храна може да предизвика тврда столица. Затоа, во текот на оваа диета треба да се пијат чаеви со лаксативен ефект. Гладувањето може да предизвика и промена во расположението.

Ефектот од оваа диета е краткотраен и изгубените килограмите се враќаат како бумеранг.

Фитнесот на Бијонсе

Бијонсе обожава да танцува. Тоа е еден од многуте начини на кои таа го одржува своето тело. Таа исто така практикува да трча надвор или на патека за трчање и крева тегови со мала тежина.

Вежбам 5 пати неделно. Станувам наутро околу 8.30 и појадувам житарици. Откако ќе помине малку време, трчам половина или еден час и потоа вежбам со тегови околу 45 минути.

Бијонсе

Еднаш неделно таа оди на часови за јога.

Секој пат кога ќе одам на час по јога, ми се плаче. Не знам дали ова се случува поради тоа што е толку релаксирачки или затоа што на крајот на часот твоето тело може да прави нешта што не ги можеше на почетокот, па чувствуваш дека нешто си постигнала. Делува како терапија.

Бијонсе

Ова може да ви потврди дека телото што го гледате на сликите или снимките од Бијонсе не е „дар од природата“, а во него младата пејачка вложува многу време и напор.

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.