Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија Бекам го прослави 51-виот роденден во истата модна комбинација која ја има носено нејзината снаа Никола

Викторија Бекам го прослави 51-виот роденден во истата модна комбинација која ја има носено нејзината снаа Никола

Викторија Бекам со стил го прослави 51-виот роденден.

Славната модна дизајнерка уживаше на јахта со семејството, а подоцна прослави со пријателите и најмилите на забава во Мајами. Викторија шармираше облечена од глава до пети во бело во дводелна модна комбинација со корсет и панталони од нејзиниот моден бренд.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Истиот стајлинг со цена од 1.370 евра пред неполна година го носеше нејзината снаа Никола Пелц на премиерата на „Lola“. Облеката ѝ била подарок токму од Викторија.

Викторија Бекам и Никола Пелц Викторија Бекам и Никола Пелц Викторија Бекам и Никола Пелц

Во изминатиот период, сè погласни се шпекулациите дека Никола и нејзиниот сопруг Бруклин Бекам се во влошени односи со неговото семејство. Бруклин не ѝ го честиташе роденденот на Викторија како што правеше секогаш во изминатите години. Парот не беше присутен ниту на нејзината прослава, а отсуствуваше и од претходните семејни собири.

Викторија Бекам и Никола Пелц Викторија Бекам и Никола Пелц

Викторија е во брак со поранешниот фудбалер Дејвид Бекам од 1999 година и заедно имаат 4 деца.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.