Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Џесика Алба

Диетата и фитнесот на Џесика Алба

Џесика Алба е една од најсексапилните актерки во Холивуд, која изгледа фантастично каде и да се појави. Која е нејзината тајна?

Џесика АлбаЏесика ја комбинира диетата со фитнес, за да биде секогаш во топ форма.

Диетата

Џесика Алба многу често во интервјуата споменува дека сите од нејзиното семејство имаат проблеми со телесната тежина. Поради тоа, таа преку целиот свој живот од 12 годишна, внимава на храната што ја внесува.

Само 2 месеци по нејзиното породување, таа си ја врати својата прекрасна фигура. Со помош на диетата разработена од нејзиниот тренер Рамона Браганца, Џесика ги стопи килограмите од бременоста и изгледа повеќе од прекрасно. Диетата 3-2-1 вклучува 3 оброци, 2 ужини и пиење на минимум 1 литар вода дневно.

Примерен план

Појадок: омлет од белки од јајце или тврдо варени јајца со изварка и овошје.

Појадокот на Џесика Алба е богат со протеини. Кога јадете појадок богат со протеини, вие добивате енергија која ви е потребна да ги извршувате дневните активности и подоцна не чувствувате силен глад. Изварката и белките од јајцата имаат мал број калории, содржат многу протеини и ви даваат енергија за да го започнете денот. Овошјето ќе ве снабди со потребните антиоксиданси и витамини за да бидете здрави. Затоа појадокот на Џесика Алба е добар пример како треба да изгледа еден појадок.

Ручек: салата со 170g пилешки гради или туна, зеленчуци, маслиново масло, сок од лимон и тревки.

Салатата е здрава и соодветна храна за ручек. Но, треба да ги избирате состојките внимателно. За да направите нискокалорична салата, не користете мајонез. Додајте во салата пилешко или туна, за подобар вкус.

Вечера: кревко немасно месо (риба, пилешко или говедско филе) и зеленчуци.

Ако сакате да ја контролирате вашата тежина, вечерата од кревко месо и зеленчуци е одличен избор за вас. Вечерата треба да биде најлесниот оброк во денот, затоа избирајте ги состојките внимателно.

Ужина: овошје, зеленчук и немасно сирење.

Сексапилната актерка пие околу 2-3 литра вода дневно.

Фитнесот

Џесика Алба знае дека една диета не е доволна за одржување на топ форма и здраво тело. Затоа таа вежба по еден час дневно со нејзиниот тренер Рамона Браганца.

Нејзиното тренирање започнува со трчање на патека околу 10-15 минути за загревање на телото. Потоа прави вежби за зацврстување на горниот и долниот дел на телото и вежби за зацврстување на стомачните мускули. На крајот Џесика продолжува на елиптичниот велосипед за да го забави ритамот на срцето.

Прекрасно извајаното тело на Џесика Алба е резултат на нејзината железна дисциплина, диетата и тренирањето.

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.