Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ уживаа во популарниот мјузикл „The Phantom of the Opera“ во Белград.
Во Сава центарот, српските ѕвезди шармираа во модерни стајлинзи и позираа за ангажираните фоторепортери.
41-годишната пејачка за оваа пригода облече фустан со леопардски принт и кратка кожна јакна, додека 46-годишниот актер изгледаше харизматично во светло кафеав костум и бели патики.





Јелена и Иван се во брак од 2011 година и заедно имаат едно дете - ќерката Нина.
