Почетна » Новости » Занимливости » Момент за паметење: Божо Грчиќ од Хрватска го покани цел град на својот 100. роденден

Момент за паметење: Божо Грчиќ од Хрватска го покани цел град на својот 100. роденден

Во време кога многумина мислат дека животот забавува по пензионирањето, Божо Грчиќ е вистинска инспирација.

Младоликиот дедо од Хрватска го прослави својот јубилеен 100-ти роденден со стил достоен за легенда. Тој направи прослава на која го покани целиот град Трстеник. Сите беа поканети на забавата која Божо сам ја организираше, а која беше полна со љубов, смеење, музика и морски специјалитети.

Божо Грчиќ Божо Грчиќ

И покрај тоа што веќе чекори во 11-тата деценија од животот, Грчиќ секојдневно излегува на море, каде што лови риба и лигни, a е и страстен сликар, кој на платно пренесува сцени од своето рибарско секојдневие и природните убавини на Трстеник. Како шлаг на сè тој сам готви за своите внуци.

„Немој да се правиш стар ако организмот и мозокот ти порачуваат дека си способен да одиш, да нешто запаметиш и да направиш некое добро дело“ – рекол виталниот стогодишник за HRT.

Божо Грчиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.