Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Анџелина Џоли

Диетата и фитнесот на Анџелина Џоли

Нема човек кој се интересира од шоу бизнис, а да не го знае името Анџелина Џоли. Популарната актерка има едно од најпосакуваните тела во Холивуд. Иако таа е активна актерка, мајка на шест деца, сопруга и активно се занимава со работа за добротворни цели, секогаш наоѓа време за да го одржува своето тело.

Диетата

Анџелина Џоли како Лара Крофт
Уникатаната Џоли применува различни диети и вежба кик-бокс, улично борење, веслање со кану и јога.

Во различните периоди од својот живот, Анџелина се подложува на различни диети со цел да изгледа убаво и да може да ги одигра популарните улоги, кои бараат од неа голема физичка издржливост.

Никој нема да го заборави изгледот на Анџелина во улогата на Лара Крофт. Цврстото тело на Анџелина ги остави без коментар и мажите и жените.

За да се подготви за улогата на Лара Крофт, Анџелина Џоли работи со Харли Пастернек, фитнес гуру на ѕвездите. Програмата разработена од него е комбинација од диета и вежбање и е многу популарна во Холивуд.

Диетата не вклучува никакво броење на калории, а вклучува консумирање на храна со здрави протеини, јаглехидрати, многу растителни влакна и здрави масти.

Оваа диета предвидува јадење на 5 мали оброци во текот на денот. Во тие оброци треба да добијат свое место најмногу зеленчуците, овошјето, потоа храните богати со протеини и комплексни јаглехидрати и водата.

Новата екстремна диета на Џоли

Анџелина Џоли веќе се подготвува за снимањето на новиот филм Salt, во кој ќе глуми убиец на ЦИА маскирана како маж. Во врска со тоа во таблоидите постојано се пише за новата екстремна диета на Џоли.

Со новата диета за детоксикација, Анџелина има во план да ослаби 9,5 килограми за 21 ден. Оваа диета е екстремна и не е препорачлива за здраво слабеење, затоа што го изморува организмот и не секој може да ја поднесе.

Фитнесот

Според планот на Пастернек, Анџелина вежба 5 пати неделно по 25 минути. За да го усоврши своето тело и да може најголем дел од сцените да ги прави сама, Анџелина вежба и кик-бокс, улично борење, јога и веслање со кану.

Со овие спортови телото се зацврстува неверојатно брзо и се согоруваат многу калории. Така на пример, еден час вежбање кик-бокс може да ви помогне да согорите од 600-800 калории.

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.