Бијонсе навистина ги изненади своите обожаватели. Без најава, популарната пејачка објави визуелен албум во кој секоја песна доаѓа со видеозапис.
Албумот „Beyoncé“ вклучува 14 нови песни и 17 музички спота. Меѓу музичките соработници на Бијонсе се наведени имињата на Џеј Зи, Дрејк, Фарел Вилијамс, Мишел Вилијамс, Кели Роланд и Џастин Тимберлејк.
Во спотот за песната „Blue“ се појавува и ќерката на Бијонсе, Блу Ајви, додека во спотот за „Grown Wоman“ е вклучена и мајката на Бијонсе, Тина.
Погледнете по 30 секунди од секој спот: