Ирина Шајк е бремена. Светските медиуми ја објавија среќната вест неколку часа откако славниот модел дефилираше на ревијата на Victoria’s Secret во Париз.
Ова ќе биде прво дете на 30-годишната Русинка и актерот Бредли Купер. Парот нема дадено свој коментар за новоста.
На шоуто на VS, Шајк носеше костим со реси и мантил, за умешно да го сокрие стомачето. Според информациите, таа е во вториот триместар и е многу среќна и возбудена што ќе стане мајка.
Трудничкото стомаче на Шајк се истакна и на забавата на VS.
Ирина и Бредли се во врска од април минатата година.