Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Соседи го реновираа домот на девојче додека тоа било на лекување заради тумор

ФОТО: Соседи го реновираа домот на девојче додека тоа било на лекување заради тумор

Добродушни лица се обединија за да му го разубават животот на семејство на девојче кое има тумор.

Додека малата Емили Кесиди, на која ѝ бил дијагностициран тумор зад окото, била на лекување во Флорида заедно со мајка си Луси, нивните соседи од Бирмингем, Англија, „провалиле“ во нивниот дом за да го реновираат.

Домот на Кесиди

Под раководство на Џорџи Мосли, која испратила апел за помош преку социјалните мрежи, домот на семејството Кесиди потполно бил трансформиран. Со волонтери и донации од над 40 фирми, Џорџи успеала да ги поправи сите разрушени ѕидови, да ја отстрани мувлата и да го направи ентериерот модерен и функционален.

„Проблем не беше само изгледот, тоа всушност беше опасно место за живеење. Домот треба да биде место за одмор, особено кога постојано си низ болници. Сега тоа е убаво место во кое ќе можат да уживаат како семејство. Се надевам дека тоа ќе им помогне здравствено и психички. И на сестрите на Емили им е многу тешко“ – изјавила Џорџи.

Пред реновирањетоПред реновирањето Домот на Кесиди Пред реновирањетоПред реновирањето Домот на Кесиди Пред реновирањетоПред реновирањето Пред реновирањетоПред реновирањето Домот на Кесиди Домот на Кесиди Домот на Кесиди Домот на Кесиди Домот на Кесиди Домот на Кесиди Домот на Кесиди Домот на Кесиди Домот на Кесиди Домот на Кесиди

Мајката на Емили, која има уште две други мали ќерки, изјавила дека реновирањето е остварување на нејзин сон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20893 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.