„Луѓето не се секогаш ужасни. Понекогаш, тие можеби се дури и по малку прекрасни“ – пишува Џек Шепард пред да ја објави својата компилација од фотографии кои веќе допреа до милиони срца низ светот.
Погледнете ги фотографиите за да се потсетите на добрата страна на луѓето.
1. Над 200 јапонски пензионери доброволно се пријавија за да влезат во контаминираната зона во Фукушима и да помогнат во поправањето на штетите од цунамито. Тие изјавиле дека го прават тоа за младите да не се изложуваат на радијација. „Ние мора да работиме наместо нив. Повозрасните лица се помалку чувствителни на радијација. Затоа, мора ние да работиме“ – изјавил 72-годишниот Јасутеру Јамада.
2. Маж ѝ ги дава своите апостолки на бездомничка во Рио де Жанеиро.
3. Натпреварувачка од Охајо ѝ помага на повредената конкурентка да ја премине целта.
4. За време на протести во Бразил, генерал им рекол на демонстрантите: „Не се тепајте, ве молам, не на мојот роденден...“, а потоа, група демонстранти му приредиле роденденско изненадување.
5. Маж од Мелбурн скокнал во вода за да го спаси кучето на жена која не ја познавал. Кучето завршило во водата поради силен ветер. Спасителот, Раден Соемавината, тој ден бил на кејот за да ја расфрли пепелта на својата почината баба.
6. Стара госпоѓа му ја дала на келнер оваа порака заедно со банкнота од 20 долари. Пораката вели: „Лук, бакшишот ти го дадов затоа што ме потсетуваш на син ми Дерон, кој почина пред 15 години. Можеби малку личиш на него, но твојот љубезен, нежен, добронамерен, учтив дух ја прави поврзаноста со него. Благодарам за слатко-горчливото сеќавање на него. Бог да те благослови!“
7. Две момчиња од Норвешка спасуваат овца од океан.
8. Табла поставена на книжара: „Во секое време: Ако немате пари да купите книги, а имате потреба или сакате да читате, послужете се.“
9. Знак на кој е напишано: „Бесплатен оброк за бездомниците, секој петок од 3 до 5 попладне“.
10. Жител на село во Индија носи мачиња на суво за време на поплава.
11. Бесплатно хемиско чистење за лица кои одат на интервју за работа. „Ако сте невработени и ви е потребна чиста облека за на интервју, ние ќе ви ја исчистиме БЕСПЛАТНО.“ Околу 2.000 лица ја искористиле услугата, а тоа ја чинело компанијата 32.000 долари.
12. Пожарникар му дава кислород на маче спасено од опожарена куќа.
13. Мачка спасена од пожар.
14. Девојка од Гватемала добива цвеќе од турист кој тукушто го запознала.
15. Две деца спасуваат куче.
16. Младо семејство наместо сметка ја добило оваа порака додека било на вечера: „Еднаш, некој нам ни ја плати вечерата кога бевме млади родители. Тоа ни остави голем впечаток. Основата на овој гест беше доброто родителство. Продолжете со добрата работа... Времето минува толку брзо.“
17. Најдобри пријатели на лулашка.