Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Бесценетата реакција на идна мајка кога дознава дека носи четворка

ФОТО: Бесценетата реакција на идна мајка кога дознава дека носи четворка

Зачнувањето не е секогаш лесно. Додека некои парови можат да се наречат вистински среќници и се радуваат на вест за бременост по првиот обид за зачнување, за многу други создавањето на семејство се претвора во долгогодишен кошмар.

Ешли и Тајсон Гарднер се брачен пар кој ќе ве убеди дека никогаш не треба да се откажувате и дека желбите често се исполнуваат, понекогаш четирикратно.

Парот од Јута 8 години вложувал напори за да добие позитивен тест за бременост. Кога најпосле Ешли и Тајсон дознале дека ин витро оплодувањето било успешно, не можеле да ги задржат солзите радосници. Сепак, во тој емотивен момент тие не можеле ни да претпостават дека најголемото изненадување за нив допрва доаѓало.

За време на гинеколошки преглед со ултразвук, Ешли и Тајсон останале со ококорени очи и подотворена уста, бидејќи дознале дека ќе станат родители на четири деца.
Реакцијата на Ешли стана интернет хит, а парот добива сè поголема поддршка на социјалните мрежи.

Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон

Ешли, која страда од ендометриоза, на почетокот ја чувала битката со неплодноста во потесниот круг на семејството, но подоцна решила отворено да зборува. „Пред година и пол решив да се отворам за нашите битки со неплодноста. Беше тешко кога постојано нè прашуваа зошто сè уште немаме деца. Ми се смачи да давам изговори за нешто што не беше под моја контрола и емотивно ме засегнуваше многу. Се отворив и не можев да поверувам колкава поддршка добив од сите. Дури и од луѓе кои не ги познавам. Беше прекрасно чувството да не морам повеќе да ја кријам оваа ужасна болест на неплодност и отворено да зборувам за тоа! Научив дека многу други парови поминуваат низ истото. И оттогаш имам можност да им помогнам на многу други кои се мачат и се чувствуваат сами во текот на тоа патување кое го крши срцето“ – раскажала Ешли за CNN.

Ешли и ТајсонМоментот кога Ешли и Тајсон дознале дека таа е бремена Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон Ешли и Тајсон

Неодамна парот дозна дека четирите бебиња се женски.

Ешли и Тајсон

Коментирајќи го значајниот момент, Ешли рекла: „Ох, Господе! Никогаш не сум била повозбудена, но и преплашена во исто време. Чекавме толку долго за да имаме бебиња, па бевме пресреќни... Но, во исто време ние буквално не ни помислувавме дека тоа може да се случи. Не знаевме ништо за четворки и за ризиците кои доаѓаат со нив. Но, воглавно бевме пресреќни. Мојот сопруг е највозрасниот од 10 деца, па е подготвен за сè. Може да го смири секое бебе и да го забавува секое дете! Децата го сакаат. Тој им е омилен вујко на сите наши внуци и внуки. Подготвени сме!“

Борбата со неплодноста на Ешли и Тајсон е документирана со многу емотивни фотографии. Погледнете го нивното патување:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.