Почетна » Здравје » Интимно » 8 совети за побезбеден секс

8 совети за побезбеден секс

Стручните лица предупредуваат дека не постои такво нешто како „безбеден секс“, затоа што секоја сексуална активност (вагинален, орален, анален секс или контакт на гениталиите без пенетрација) ве изложува на ризик од сексуално преносливи болести (СПБ). Единствениот начин да бидете 100% сигурни дека сте заштитени е да практикувате целосна апстиненција, т.е. да се воздржувате од секакви сексуални активности.

Но, затоа пак постои концептот „побезбеден секс“, кој се дефинира како сексуална активност на лица кои презеле мерки за заштита од сексуално преносливи болести. Идејата е дека со едноставни стратегии може да се зголеми безбедноста без да се жртвува сексуалниот живот.

Жена што држи кондом во ракатаКондомите се ефективен начин за заштита при секс

Еве неколку совети кои ќе го направат вашиот секс побезбеден и значително ќе ги редуцираат шансите за пренесување на СПБ:

  • Користете кондом за секој тип на секс. Секогаш користете кондом, особено ако сте со партнер кој не го познавате доволно и за којшто не сте сигурни дека нема СПБ. Некои заболувања, како ХПВ (хуман папилома вирус) и генитален херпес, лицето може свесно или несвесно да ги распространува, иако не се присутни никакви симптоми. Кондомот е ефективен начин за заштита, но запомнете дека не нуди 100% заштита. Користете кондом за време на вагинален, анален и орален секс.
  • Бидете моногамна личност и ограничете го бројот на сексуални партнери. Ризикот да добиете СПБ се зголемува ако имате голем број на партнери. Секогаш кога имате секс со нов партнер, вие всушност „имате секс“ и со сите личности со кои тој некогаш имал секс. Не си дозволувате да имате повеќе различни партнери во ист период. Најбезбедно е да имате секс со партнер кој ви е верен и на кого вие сте му верни.
  • Користете лубриканти на база на вода. Со помош на лубрикантите ќе ја зголемите влажноста на вагината и ќе спречите да дојде до распукување на кожата. Малите расцепи на кожата во областа на вагината им овозможуваат на сексуално преносливите болести да влезат во вашата крв. Секогаш користете лубриканти на база на вода, затоа што лубрикантите на база на масло ја намалуваат еластичноста на кондомот и може да дојде до негово кинење.
  • Не ги сметајте контрацептивните таблети за доволна заштита. Контрацептивните таблети штитат од несакана бременост, но не и од СПБ. Затоа, тие се добра опција кога сте сигурни дека вашиот партнер нема никаква болест. Ако редовно користите контрацептивни таблети, но немате целосна доверба во новиот партнер, задолжително користете и кондом.
  • Бидете исклучително внимателни кога имате секс под дејство на алкохол или други супстанции. Алкохолот и многу други супстанции (дрога) го попречуваат трезвеното размислување и личноста која е под нивно дејство може да прави нешта кои во трезна состојба не би ги направила. Ограничете ја консумацијата на алкохол. Ако сте на забава и решите да се напиете повеќе, разговарајте со вашето друштво за заедничко враќање дома. Во никој случај не си заминувајте со лице кое не го познавате доволно.
  • Бидете одговорни. Ако имате симптоми на инфекција или СПБ, избегнувајте ги сексуалните контакти. Доколку вашиот партнер има херпес, избегнувајте сексуални односи со него кога има видливи симптоми (меури) и секогаш користете кондом.
  • Бидете подготвени за секс. За да имате сексуални односи, потребно е најпрво да бидете психички подготвени. Ако не сте спремни за таков чекор, без разлика дали ви е прв пат или сте со нов партнер, почитувајте се себеси и кажете му „не“. Доколку решите дека е време да бидете интимни со партнерот, тоа што сте женско не е оправдување да не се грижите за заштитата и да бидете неподготвени. Купувајте и вие кондоми ако планирате да сте сексуално активни. А ако ниту еден од вас нема заштита, прекинете ги страсните прегратки и одложете ги за кратко, барем додека не најдете отворена продавница.
  • Комуницирајте отворено со вашиот партнер. Разговарајте отворено со лицето кое ќе го изберете за ваш сексуален партнер. Прашувајте го за неговото сексуално минато и заедно дискутирајте ги мерките кои треба да ги преземете за да се заштитите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.