Почетна » Здравје » Интимно » Предменструален синдром (ПМС)

Предменструален синдром (ПМС)

Што претставува ПМС?

Предменструалниот синдром е состојба која многу тешко може да се дефинира, затоа што можат да се јават многу различни знаци и симптоми. Со овој термин се опишуваат редица физички и емоционални промени како: промени во расположението, чувствителност во градите, потреба од одредена храна, замор, нервоза и депресија. Овие симптоми се појавуваат во последната фаза од месечниот циклус, т.е. една до две недели пред менструалното крварење.

Болки во стомакотМожете да се борите против симптомите на ПМС преку промени во исхраната и вежбањето.

Секои три од четири жени доживуваат некој форма на ПМС. Овие проблеми најчесто ги мачат жените на возраст од 20 до 40 години. Во некои месеци симптомите се поизразени, а во некои може и да не ги почувствувате воопшто.

Причини за појавата на ПМС

Што точно ја предизвикува појавата на ПМС не се знае, но постојат различни фактори кои што допринесуваат за оваа состојба. Промените во нивоата на хормоните имаат големо влијание врз ПМС. Симптомите се менуваат заедно со флуктуацијата на хормоните и исчезнуваат за време на бременоста и менопаузата.

Хемиските реакции во мозокот се втора причина за појавата на ПМС. Недоволното присуство на серотонин, допринесува за појавата на депресија, замор, проблеми со спиењето и потребата од одреден тип храна.

Стресот може да допринесе за појавата на некои од симптомите, но тој не е главна причина за ПМС. Некои од симптомите се поврзуваат со ниско ниво на витамини и минерали. Други причини за појавата на ПМС се јадењето солена храна, која задржува течности во телото и консумирањето на алкохол и пијалоци со кофеин, кои ги предизвикуваат промените во расположението.

Симптоми на ПМС

Најчестите знаци и симптоми, кои се асоцираат со предменструалниот синдром се групираат во две групи.

Емоционални симптоми и промени во однесувањето:

  • Напрегнатост и вознемиреност;
  • Депресија;
  • Плачење без особена причина;
  • Промени во расположението;
  • Нервоза или лутина;
  • Проблеми со спиењето (инсомнија);
  • Лоша концентрација.

Физички симптоми:

  • Главоболка;
  • Замор;
  • Болки во мускулите и зглобовите;
  • Зголемување на тежината поради задржување на течности;
  • Подување на стомакот;
  • Чувствителност на градите;
  • Избивање на акни;
  • Запек или дијареа.

Иако овој список со симптоми е премногу долг, повеќето од жените имаат само неколку од овие проблеми. Кај најголем дел од жените овие симптоми исчезнуваат веднаш кога ќе започне менструацијата.

Совети за олеснување на симптомите на ПМС

Можете да ги ублажите симптомите на ПМС со промени во исхраната и вежбањето. Еве како:

  1. Внимавајте на исхраната.
    • Јадете мали порции, но почесто во текот на целиот ден. Така ќе го редуцирате подувањето на стомакот и ќе се чувствувате сити.
    • Избегнувајте алкохол и кофеин.
    • Ограничете го внесувањето на сол и солени храни, за да го избегнете задржувањето на течности во телото.
    • Внесувајте храни богати со сложени јаглехидрати како овошје и зеленчук.
    • Јадете храна богата со калциум.
    • Информирајте се кои се препорачаните дневни потреби од витамини и минерали и внесувајте ги.
  2. Вежбајте редовно. Неколку дена во неделата вежбајте аеробик, возете велосипед или пешачете, барем по 30 минути. Со тоа ќе си го подобрите здравјето и ќе избегнете симптоми како депресија и замор.
  3. Намалете го стресот. Обидете се да си обезбедите доволно сон. Можете да практикувате јога за да се релаксирате и да го редуцирате стресот. Масажата исто така ќе ви помогне да го постигнете тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20776 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.