Заљубените парови на 14-ти февруари ќе ја слават љубовта и романтиката. Ако и вие сте обземени од љубовната еуфорија, сигурно планирате на убав начин да го изненадите вашиот сакан. Еве неколку романтични идеи со чија помош ќе ја направите ноќта на 14-ти незаборавна.
Љубовни купони
Со љубовните купони му ветувате на својот сакан дека ќе го исполнувате напишаното кога тој ќе посака. Земете убава хартија и исечете правоаголни ливчиња. На секое од нив напишете нешто по ваша желба како бакнеж, прегратка, филм, вечера, стриптиз и сл., т.е. работи кои сакате да му ги подарите него. Врзете ги со црвена панделка и подарете му ги на Св. Валентин. Од вашиот партнер зависи кога ќе реши да ги користи купоните, а колку ќе направите зависи од вас. Овој подарок ќе ви даде уште многу романтични ноќи во текот на годината.
Пресоздавање на вашиот прв состанок
Првиот состанок секогаш има сентиментална вредност. Ако долго време сте заедно, можеби веќе ви е блед споменот за првиот состанок. За да си го освежите сеќавањето и да ја вратите страста што тогаш сте ја чувствувале, пресоздајте ја вечерта кога за прв пат сте биле заедно. Резервирајте маса во ресторанот каде што сте излегле или застанете на шанкот во барот каде што бил вашиот состанок. Дури и ако тогаш не сте си поминале баш најсјајно, сега ќе добиете втора шанса да го поправите тоа.
Пица срце
Сигурно знаете дека патот кон машкото срце е преку неговиот стомак. За Св. Валентин, можеби најдобрата варијанта е да останете дома и да направите вечера за него. Ако не сте многу умешни во кујната, нема полесна и повкусна вечера од пицата. За да биде поинтересна, тестото направете го во форма на срце (ако користите готово тесто, оформете го срцето со помош на нож). Наредете ги состојките следејќи ја формата на срцето, а откако пицата ќе биде готова, со кечап акцентирајте ги рабовите.
Кутија со црвени шеќерни срца
Направете сами црвени шеќерни срца (кликнете овде за да научите како). Потоа завиткајте ги во проѕирна хартија (целофан). Можете и секое срце да го заврзете со тенка украсна лента или панделка. Купете од цвеќара убава кутија или ако сте повешти – направете сами. Во неа ставете ги шеќерните срца. На мали ливчиња напишете повеќе љубовни пораки. Може тоа да се лични пораки од вас или љубовни цитати. Измешајте ги ливчињата меѓу колачињата.
Албум на вашата врска
Соберете слики од различни поводи кога сте биле заедно. Изберете ги најдобрите и наредете ги хронолошки во албум. Не го полнете целиот албум, до половина е доволно. Празните страници ќе ги полните во годините што доаѓаат. На корицата од внатрешната страна напишете нешто од срце. Ако не можете да измислите ништо креативно, доволно е да напишете дека желбата ви е колку што можете побрзо да го наполните албумот со убави спомени.
Црвено жешко празнично изненадување
Пред Нова Година напишавме статија за тоа како да му приредите незаборавно сензуално изненадување на вашиот партнер (кликнете овде за ја да прочитате). Ако тогаш не сте имале можност да му го приредите, истото изненадување со секси облека и балони можете да го направите и во оваа прилика. Заборавете на новогодишната капа, а вклучете шампањско и чоколадни бонбони. Шампањското и чоколадото делуваат како афродизијак, па ќе можете да уживате во страсна вечер.
Совет
Внесете дел од својата креативност во сè што подарувате. Подароците за