Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » За или против прославувањето на Св. Валентин?

За или против прославувањето на Св. Валентин?

Како што се приближува датата 14-ти февруари, сè повеќе се создава еуфорија за денот на вљубените. Иако голем дел ќе речат дека мразат колку е искомерцијализиран овој празник и дека не е наш православен за да го славиме, сепак сите кои се во врска нетрпеливо чекаат да дојде Св. Валентин. Рози, чоколадни бонбони, кадифени мечиња, романтични пораки... Празникот на вљубените убедливо најде место во нашата култура.

Вино и рози

Продавниците се исполнети со срца, мечиња, љубовни картички, цвеќарите со рози, рестораните со специјални понуди за прослава. Иако некои се обидуваат да му се спротивстават на популаризирањето на денот на вљубените, повеќето го прифаќаат без двоумење.

Генерално погледнато, мажите и жените имаат различно сфаќање за Св. Валентин. Најчесто мажите се противници на спектакуларно празнување на денот на вљубените, а жените уживаат во посветеното внимание и покажувањето на љубов. Се разбира, има исклучоци и од двете страни. Па, кои се аргументите кои ги поттикнуваат луѓето да бидат за или против прославувањето на Св. Валентин?

Аргументи „за“

На луѓето им е потребно да добиваат двојна доза љубов

Поради големата еуфорија која се создава, сите влегуваат во романтично расположение. Едноставно тогаш е дозволено и препорачливо секој да ја искаже и покаже својата љубов. Така секој ги добива посакуваните комплименти, прегратки и бакнежи. Луѓето добиваат двојна доза љубов на Св. Валентин, а тоа ги прави посреќни.

Секој сака да се чувствува специјално

Св. Валентин е ден кога и мажите и жените се обидуваат да направат нешто специјално за својата половинка. Дали тоа ќе биде романтична вечера дома или во ресторан, викенд надвор од населено место, рачно изработен подарок или стриптиз, не е важно. Посветеното време и внимание во избирањето и презентирањето на подарокот ги прави и мажите и жените да се чувствуваат посебно убаво.

Св. Валентин е причина луѓето да се опуштат и да си дозволат малку луксуз

Не секој може да си дозволи кога ќе посака да избега од градот и да помине романтичен викенд во убава вила, хотел или романтична вечера во полуксузен ресторан. Св. Валентин е ден кога многу парови си го пружат тоа задоволство. Повеќето си го резервираат денот 14-ти февруари, а некои цел викенд само за релаксација и љубов.

Аргументи „против“

Љубовта треба да се прославува 365 дена во годината

Противниците на Св. Валентин сметаат дека романтиката, искажувањето на чувствата, подарувањето на рози или подароци треба да биде секојдневие. Не треба да има еден ден во годината кога сите ќе ги празнат џебовите купувајќи скапи подароци или плаќајќи високи цени за вечера во ресторан.

Св. Валентин е католички празник, треба да се прославува Св. Трифун

На 14-ти февруари православните христијани го празнуваат денот на лозарите и градините, Св. Трифун. Денот на вљубените е католички празник, па затоа многу луѓе сметаат дека не треба да станува дел од нашата традиција и култура.

Преголемиот притисок за спектакуларна прослава ја уништува романтиката

И мажите и жени чувствуваат притисок дека треба да направат нешто интересно и креативно преку кое што ќе ја покажат својата љубов. Токму тој стремеж да се направи нешто посебно, ја уништува спонтаноста и романтиката. Преголемите очекувања за овој ден можат да доведат до големо разочарување.

За крај

На 14-ти февруари некои со бакнежи ќе го слават Св. Валентин, денот на вљубените, други пак со чаша вино во раката ќе го слават Св. Труфун, заштитникот на лозјата и градините. А, ќе има и трети кои ќе се обидат да направат спој на двата празника. Сепак, виното и љубовта одат рака под рака.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.