Милиони вљубени гулапчиња вчера го прославија Св. Валентин, па така и холивудските ѕвезди.
Бројни славни парови прославија со романтична вечера и споделија фотографии и пораки со кои си го честитаа Денот на вљубените.
Викторија и Дејвид Бекам
„Среќен Ден на вљубените. Те сакам премногу“ – стои во описот на фотографијата на славната дизајнерка.
„Среќен Св. Валентин. Нека денешниот ден биде исполнет со љубов и среќа ширум светот“ – напиша Дејвид.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез
„До мојата прекрасна девојка. Ти ме правиш посреќен, посилен, подобар. Те сакам“ – напиша Алекс во описот на фотографија од Џеј Ло.
Џесика Алба и Кеш Ворен
Кеш Ворен ја одведе Алба на романтична вечера, од каде таа сподели кратко видео за овој специјален ден. Парот го доби третото дете на новогодишната ноќ.
Софија Вергара и Џо Манганиело
Софија сподели фотографии од свадбата и медениот месец и напиша: „Мој Валентин. Ти ме правиш среќна“.
Новак и Јелена Ѓоковиќ
„Да наздравиме за љубовта. За мојата љубов, за твојата љубов, за свет исполнет со љубов. За магичната состојка која прави да бидеме најдобрата верзија од самите себе. Среќен Ден на вљубените“ – напиша Новак.
Јелена сподели фотографии од вечерата во нивниот ресторан „Eqvita“.
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли
Познат по смислата за хумор, Рејнолдс сподели фотографија од тортата која ја направил за Блејк и се пошегува: „Ја испеков оваа торта за мојата сопруга. Шлагот е лепило, бидејќи не сум научник“.
Ева Лонгорија и Хозе Пепе Бастон
„Мојот сопруг мрази да се појавува на моите профили на социјалните мрежи, но денес, бидејќи ја славиме љубовта морав да го постирам ова. Тој е мојот ангел, мојот живот, моето сè. Среќен Ден на вљубените љубов моја!“ – напиша Ева.
Селена Гомез и Џастин Бибер
Селена и Џастин беа „уловени“ од папараците.
Адам Левин и Беати Принсло
Парот го очекува второто дете.