Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 7 работи што треба да ги знаете за мажите

7 работи што треба да ги знаете за мажите

Мажите и жените се многу различни. Токму затоа понекогаш ни е многу тешко да го дешифрираме машкото однесување. За подобро да ги разберете постапките на мажите, има неколку интересни факти кои мора да ги знаете.

Мажите сакаат предизвик и обожаваат да се во улогата на ловци

Мажите сакаат возбуда, сакаат предизвик. Тие се создадени да бидат ловци и ја обожаваат таа улога, а жените често го забораваат или решаваат да го игнорираат тој факт. За да го освоите мажот што го посакувате, предизвикајте го да трча по вас. А тогаш кога ќе успее да ја стави неговата рака околу вас или да ви подари страстен бакнеж, направете да почувствува дека постигнал нешто многу значајно.

Маж и жена во барМажите се создадени да бидат ловци и ја обожаваат таа улога.

Дури и да поминало многу време откако сте заедно, продолжете да го стимулирате да трча само и единствено по вас, затоа што кога ќе престане да го прави тоа, ќе го изгуби својот интерес.

Мажите се како големи деца

Во секој маж се крие дете. Ако мислите дека вашиот ја нема таа особина, погледнете го додека со своите пријатели гледа фудбал или игра нешто. Нема да имате ниту еден аргумент со кој ќе го оправдате нивното детско однесување.

Од друга страна, детето во нив излегува на виделина и кога сакаат да се грижите за нив, како што тоа го правела некогаш нивната мајка. Мажите обожаваат кога нивната сакана им го приготвува омиленото јадење само за да ги расположи, кога им закажува термин на заболекар и кога се грижи за домот. Мажите во текот на целиот живот остануваат деца.

Мажите радо би ве изневериле

Но, тоа не значи дека сите мажи изневеруваат. Едно е да посакуваат, друго е да го направат. Мажите обожаваат да фантазираат. Во нивниот идеален свет тие би можеле да бидат со различна жена секогаш кога ќе посакаат. Истражувањата покажуваат дека половина од мажите би изневериле ако се сигурни дека нивната партнерка нема да дознае за тоа.

Тие често се наоѓаат во ситуација да треба да се борат против своите сексуални нагони. За среќа, има и такви кои успеваат.

Машката верзија за романтика е поразлична од женската

Мажите сакаат милувања, нежни бакнежи и романтична вечера на свеќи, но многу поретко од жените. Тие си имаат малку поинаква претстава за романтиката и таа е дефинитивно поврзана повеќе со физички контакт отколку со емоционална блискост.

Ако маж треба да дефинира што е тоа романтика, тој ќе искористи многу различни зборови како сензуалност и страст, но сигурно нема да спомене ароматизирани свежи, ливчиња од рози и сл. Затоа, кога сакате да направите нешто романтично за него, ставете на вашиот список секси долна облека, вооружете се со комплименти за него или пак подарете му уникатен подарок којшто ќе му покаже дека ви значи доволно за да потрошите повеќе време за изборот.

Сите мажи сакаат порно

Пред неколку месеци се појави информација дека група научници се обидела да направи истражување за да ги спореди гледните точки на мажите кои барем еднаш во животот гледале порно и мажите кои никогаш не гледале. Истражувањето пропадна уште пред да започне. Зошто? Сигурно претпоставувате – не можеле да најдат ниту еден маж кој никогаш во животот не гледал порнографски материјал.

Мажите кои не се во врска гледаат порно во просек по 40 минути 3 пати неделно, а оние кои се во врска – по 20 минути во просек 1,7 пати неделно.

Мажите обожаваат орален секс

Не е тајна. Скоро сите мажи обожаваат орален секс, особено ако тие се оние кои го добиваат. На прашањето зошто се толкави фенови на фелацио, нема конкретен одговор. Размислете, мрзеливо можат да лежат, да не прават ништо, да не мислат дали користат правилна техника за да ве задоволат... во тие моменти се чувствуваат како господари кои заслужено го добиваат најголемото задоволство.

Многу жени се противнички и го избегнуваат оралниот секс, но добро е да знаете дека за мажите тоа е еден од најпосакуваните подароци.

Мажите сакаат директна комуникација

Ако сакате нешто од нив, кажете им го в лице. Не очекувајте дека ќе се обидуваат да откријат што се крие зад вашето лошо расположение или пак што значи насмевката којашто сте им ја упатиле.

Кога мажите се во друштво на своите пријатели, тие не комуницираат меѓу себе на ист начин како жените. Ние жените понекогаш не треба ниту да отвориме уста, а сепак можеме целосно да се разбереме меѓусебно, затоа што го читаме јазикот на телото и ѝ се доверуваме на интуицијата.

Можеби мажите и не се толку сложени колку што си мислиме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.