Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 10 најчести лаги кои жените им ги кажуваат на мажите

10 најчести лаги кои жените им ги кажуваат на мажите

Можеби ако луѓето веруваа дека со секоја кажана лага ќе им расте носот, немаше да лажат. Но, бидејќи знаеме дека синдромот Пинокио не постои, сите редовно се служиме со по некоја лага.

ФАКТ: И жените и мажите лажат. Некои повеќе (мажите), некои помалку. Едни се повешти, а други толку „проѕирни“ во своите лаги што тешко кој би можел да им поверува.

Жена што лаже

Ако денес вие не кажете лага, голема е веројатноста дека некој вас ќе ве излаже. Па, во еден таков свет во којшто лагите се дел од нашето секојдневие, еве за што најчесто жените ги лажат мажите:

1. „Ништо не ми е“ / „Не ти сум лута“

Вистината е дека нешто не е во ред и гарантирано сте му лути. Штом тој го поставува прашањето „Што ти е?“, значи веќе ги видел симптомите на лутината и го добил третманот „молчење“. Мнозинството претставнички на понежниот пол ја имаат кажано оваа лага барем еднаш во животот. Општоприфатено е дека ова е најупотребуваната лага во односите мажи-жени.

2. „За 2 минути сум таму“

Започнавте да се подготвувате рано, но повторно времето летна и доцните. Тој нервозно ви ѕвони на мобилен, па единствено што ви останува да речете е: „За две минути сум таму“. Вистината е дека од вашата коса сè уште течат капки вода, немате ни грам шминка на лицето и ви е совршено јасно дека ќе ви требаат најмалку 10-15 минути за да се подготвите. Но, знаете дека лагата со двете минути ќе го смири, па решавате да ја искористите.

3. „Не е проблемот во тебе. Едноставно сега не сакам да сум во врска“

Тој е добар и гледате дека е затрескан во вас, но некако не ве привлекува и нема хемија помеѓу вас. Во таков случај најверојатно ќе искористите тактика „нежно откачување“: „Во моментов не сакам да сум во врска“, кога всушност сакате да кажете: „Сакам врска, но не точно со тебе“. Само во многу ретки случаи жените навистина не сакаат врска. Во останатите, лицето кон кое е упатена оваа лага не ги исполнува критериумите.

4. „Сум била само со X мажи“

Фамозниот број на сексуални партнери најчесто е обвиен во лаги. Истражувањата покажале дека жените го намалуваат бројот на сексуални партнери, а мажите го зголемуваат. Поради срам или страв дека ќе бидат оценети како промискуитетни, жените сокриваат дел од своите бивши партнери. На крајот на краиштата, ако ве сака, нема да му биде важно со колку сте биле претходно, нели?

5. „Те сакам каков што си, ништо не би променила“

Да, можеби во некој совршен свет во којшто тој е принцот на бел коњ. Секогаш има нешто што жените би сакале да го променат кај својот партнер, било да е тоа начинот на облекување, однесувањето или едноставно неговите мали лоши навики. Но, тоа не значи дека ќе го сторат тоа. Понекогаш недостатоците знаат да бидат привлечни. А кога жените ќе решат да променат нешто кај партнерот, тие знаат дека најумно е да го направат тоа суптилно, без да креваат многу врева.

6. „Имам менструација“ / „Ме боли главата“

Тој упорно се обидува да ви го откопча градникот, а вие единствено мислите како да се извлечете. И веднаш се досетувате дека можете да го искористите изговорот „Имам менструација. Овој женски изговор се користи и во ситуации кога желбата да се излежувате дома е посилна од сè. Другиот класичен изговор е „Ме боли главата“ и може да ве спаси од непријатен разговор на деликатна тема, непосакувано излегување или сексуален однос кога не сте расположени.

7. „Имаше распродажба“

Се враќате дома со нов пар чевли, иако претходниот викенд рековте дека шопингот за овој месец е завршен. И на неговото „Повторно нови штикли?!?“, вие автоматски одговарате: „Беа на распродажба, сите купуваа како луди“. А реално, ги купивте чевлите на попуст од 10%. Но, тоа беше љубов на прв поглед.

8. „Ох, ох, ох... свршив“

Дали поради желба да ја вжештат уште повеќе атмосферата, дали за да му го нахранат егото на партнерот или пак за да завршат побрзо, жените глумат оргазам. Најчесто оваа лага се користи од жените чиј партнер упорно е концентриран на тоа и неретко прашува: „Сврши?“. Сте го излажале за ова? Не сте сами. 70% од жените го имаат направено истото.

9. „Не сум љубоморна, дозволено ти е да гледаш други жени“

Вистината е дека сте љубоморни, но нема да признаете. Знаете дека во машката природа е да му бегаат очите кога во негова близина има привлечна жена, па нема да се борите против тоа. Од друга страна, во женската природа е да сакате очите на вашиот маж да се насочени само кон вас. Оваа лага може да не е штетна ако вашата љубомора е во границите на нормалното, а се разбира, да биде контролирано и неговото „шарање“ наоколу. Но, ако вие однатре вриете или пак тој со оваа ваша лага е поттикнат постојано да зјапа во други жени, тогаш е време за сериозен разговор.

10. „Многу ми се допаѓа подарокот, го обожавам“ / „Не требаше ништо да ми купуваш“

Знаете дека тој оддели многу време за да ви избере подарок за роденден, дури и се консултираше со вашата пријателка, но и покрај тоа, не успеа да ве воодушеви. Се разбира, вие нема да дозволите тој да остане со таков впечаток, особено затоа што многу повеќе ви значи неговиот труд отколку самиот подарок, па одлучувате да кажете дека подарокот премногу ви се допаднал. Уште една слична мала лага е: „Не требаше да ми купуваш ништо“. Често ја изговараме оваа реченица, иако никогаш не го мислиме тоа. Нормално дека сакаме подарок за роденден, колку и да е мал, бидејќи таквото внимание говори дека ѝ значиме и сме оценети од конкретната личност.

Ах, жени... Толку сме енигматични и комплексни по природа. Самите ние не се трудиме да бидеме комплицирани – едноставно сме. На мажите им останува тешката задача да нè дешифрираат и да излезат накрај со нас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.