Почетна » Новости » Истражувања » За 20 секунди можете да процените дали некој е лажго или не

За 20 секунди можете да процените дали некој е лажго или не

Кога запознавате нова личност, доволни се само 20 секунди за да можете да процените дали таа ја заслужува вашата доверба. Според ново истражување на Универзитетот Калифорнија, луѓето за помалку од половина минута можат да дадат точна проценка за доверливоста на конкретен странец.

ЛажгаСамо 20 секунди се потребни за да оцените дали некој ве лаже

Истражувачите повикале 24 парови. Секој од партнерите требало да раскаже случка од својот живот во која најмногу страдал. Во меѓувреме, камери ја снимале реакцијата на нивниот партнер. Одделна група луѓе ги прегледувале видеата и за само 20 секунди можеле да проценат дали лицето од видеото покажува искрено или лажно сочувство.

Алексанадар Коган, кој го предводел истражувањето, објаснил дека набљудувачите можеле правилно да ги идентификуваат лажговците, затоа што постојат начини на однесување кои сигнализираат искреност и поддршка.

Марк Салем, експерт по невербална комуникација, вели дека можете да процените дека некој е лажго ако ги забележите следниве знаци:

  1. Неконзистентно однесување. „Ако вообичаено некој е мирен и одненадеж започне да биде возбуден, или обратно, таа промена е црвено знаменце“ – вели Салем. Истото важи и за говорот. Ако секогаш тоа лице зборува брзо и течно, но наеднаш неговиот говор стане бавен, тоа е лош знак дека се обидува да ве измами.
  2. Стабилен поглед. Ако погледот на личноста е премногу постојан, тогаш или не ве слуша или свесно се обидува да ја придобие вашата доверба. Тоа се знаци на неискреност. „Кога луѓето размислуваат или планираат, сосема природно е да престанат да одржуваат контакт со очите и да разгледуваат наоколу“ – објаснил Салем.
  3. Гестови со устата. Честото кашлање, поткашлување за прочистување на грлото или кој и да било друг гест со кој личноста си ја покрива устата покажува дека таа се обидува да сокрие нешто од вас.
  4. Брза насмевка. Искрената насмевка го менува целото лице. Очите се осветлуваат, а образите и веѓите се поткреваат заедно со аглите на устата. За да исчезне таквата искрена насмевка се потребни неколку секунди. Од друга страна, лажната насмевка се појавува и исчезнува моментално.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19742 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.