Почетна » Новости » Занимливости » „Нејзината убавина не те спречува да бидеш убава“: Жена испраќа силна порака за женската љубомора

„Нејзината убавина не те спречува да бидеш убава“: Жена испраќа силна порака за женската љубомора

Жена напиша искрен текст за женската љубомора со кој апелира да престанеме да се споредуваме една со друга и да ја насочиме таа енергија за да се подобриме самите себе.

Ејми Ведерли во пост на Facebook им се обрати на сите што гледаат „каков е дворот на соседите, наместо да погледнат во својот“ за да им порача дека можат попродуктивно да го искористат времето поминато во анализирање на туѓите животи.

Еве го нејзиниот текст:

Жени

Споредувањето со другите не ја менува реалната слика за тебе. Не ја менува реалната слика за она што го имаш. Всушност, не менува апсолутно ништо за реалноста во којашто живееш.

И не треба ни да ти ја менува перцепцијата.

Не би требало да се чувствуваш подобро ако погледнеш некого и си речеш: „Па, тревата никогаш не е толку зелена колку што изгледа“.

Можеби нејзината трева реално е толку многу зелена. Независно каква боја е, тоа не ја менува бојата на твојата трева. Не ја менува состојбата во којашто се наоѓа твојот двор. Не го менува изгледот на твојата трева освен ако не погледнеш низ поинакви леќи.

Радувај се за неа.

Аплаудирај ѝ.

Биди среќна за неа и за нејзината трева.

А потоа врати се кај твојата, наводни ја и исчисти ја.

Нејзиниот среќен брак не те спречува и ти да имаш среќен брак.

Нејзината убавина не те спречува и ти да бидеш убава.

Нејзините бројни пријателства не те спречуваат да создадеш свои милиони пријателства.

Нејзиниот успех не те спречува и ти да успееш.

Нејзината среќа не треба да те спречува да си ја пронајдеш својата среќа. Освен ако ти не го дозволиш тоа. Освен ако не дозволиш споредувањето да ти го задуши твојот живот.

Нека не ти е гајле дали таа е толку слаба колку што изгледа на нејзината профилна слика на Instagram. Нека не ти е гајле дали нејзината кожа е толку беспрекорна колку што изгледа со филтер. Нека не ти е гајле дали таа и сопругот навистина имаат толку многу пари да ги платат сите тие луксузни одмори на плажа. Нека не ти е гајле дали таа навистина може да готви заедно со своите деца без да се дере како луда. Нека не ти е гајле дали таа држи сè во свои раце.

Престани да се грижиш дали нејзиниот вистински живот е онакво каков што изгледа.

Тие грижи ти крадат дел од твоето време кое можеш подобро да го искористиш на друг начин. Тие грижи ти ја намалуваат самодовербата наместо да ти ја зголемуваат самопочитта. Тие грижи ти ја намалуваат радоста наместо да ти ја трупаат во срцето.

Тие грижи никаде не те носат.

Тоа не е во твојата улица. Не е во твојата област. Не е за твое добро.

Всушност, тоа нема да промени буквално ништо за животот што ти го живееш, за домот што го создаваш, за луѓето со кои си во врска, за состојбата во којашто се наоѓа твојот двор.

Наместо тоа, избери да бидеш личност што ќе ја сакаш. Избери да создадеш среќа што ќе ја сакаш. Избери да создадеш реалност што ќе ја сакаш.

И види дали таа љубов има доволно моќ за да ја промени бојата на твојата трева. Се обложувам дека ќе има.

Постои трансформација во љубовта. Постои растење во љубовта. Постои магија во љубовта.

Научи да ја сакаш, а не да се споредуваш со неа.

Научи да ја цениш, а не да се оценуваш спрема неа.

Научи да цениш колку таа вреди, без да ја потценуваш сопствената вредност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.