Почетна » Новости » Истражувања » Двата пола различно ја доживуваат изневерата

Двата пола различно ја доживуваат изневерата

Љубомората е една од најсилните емоции и во различни ситуации се јавува со различен интензитет. Таа присуствува во многу врски, понекогаш со, а понекогаш и без причина. Најчесто се појавува кога присуствува изневерата или сомнежот за изневера.

Проблеми во врскатаЖените и мажите на различен начин ја чувствуваат љубомората и на различен начин го прифаќаат изневерувањето.

Студија направена од врвни психолози и објавена во Psychological Science го потврдува досегашното мислење на експертите дека жените и мажите на различен начин ја чувствуваат љубомората и на различен начин го прифаќаат изневерувањето.

Психолозите ги истражувале односите на повеќе парови кај кои едниот од партнерите изневерувал. Целта била да се откријат реакциите и емоциите на изневерениот партнер.

Заклучокот од истражувањето бил дека кога мажот изневерува, жената не е толку вознемирена поради сексот со другата жена, колку за тоа дека нејзиниот партнер може да има подлабока емоционална врска со таа жена. А кога мажот е изневерен, тој најмногу се лути токму поради сексот што неговата партнерка го имала со друг маж.

Истото истражување доведе до заклучокот дека жените се посклони да простат неверство, само поради простата причина што се плашат за својата и сигурноста на своите деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20775 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.