Почетна » Убавина и мода » Шминка » Како да го одберете и нанесете руменилото?

Како да го одберете и нанесете руменилото?

Денес голем дел од жените ја избегнуваат употребата на руменило како дел од нивната шминка. Американско истражување покажало дека во 1948г. 66% од жените употребувале руменило, а денес тој процент се намалил до 47.

За вашето лице да има свеж, здрав и природен изглед, нема ништо подобро од руменилото. Сепак, треба да го употребувате внимателно, затоа што премногу руменило на лицето може да ве направи да изгледате смешни.

Какво руменило да изберете?

Руменило за лицеКако дел од дневната шминка, употребувајте посветло руменило, а за вечерна шминка - потемни нијанси.

Какава боја? Бојата на вашето руменило треба да биде една до две нијанси потемна од вашиот тен. За подобро да утврдите каква боја ви е потребна, штипнете ги малку образите. Бојата што ќе ја добијат, треба да биде и бојата на вашето руменило.
Најчесто на светла кожа и одговара розова или праскова боја, а на темна кожа руменило со боја на кајсија или црвена. Како дел од дневната шминка, употребувајте посветло руменило (розово, со боја на кајсија или праска), а за вечерна шминка - потемни нијанси.

Кремасто или руменило во прав? Ако прв пат употребувате руменило, можеби подобро е да започнете со кремасто руменило. Тоа лесно се разнесува со прстите и се меша со течната пудра.
Најдобро е руменилото да го избирате во согласност со типот на вашата кожа. Ако имате мрсна кожа, користете руменило во прав, затоа што подолго време ќе се задржи на вашата кожа и нема да предизвика непотребен блесок. Ако имате сува кожа, користете кремасто руменило.

Како да го нанесете руменилото?

Најдобар трик пред да почнете да го нанесувате руменилото е да се насмевнете. Така ќе ги истакнете јаболкниците на образите. Нанесувајте го руменилото со четка за руменило (ако е во прав) или со прстите ако употребувате кремасто руменило.

Руменилото треба да го нанесувате од долу, па нагоре по лицето (отприлика под агол од 45 степени). Правете брзи движења. Не ги повторувајте истите места, освен ако не сакате да го зголемите интензитетот.

Ако нанесете премногу руменило во прав, земете ја четката за пудра и обидете се да го отстраните вишокот. Доколку нанесете повеќе кремасто руменило, најдобро е вишокот да го отстраните со сунѓерче за нанесување на течна пудра.

Не нанесувајте руменило блиску до носот или под очите.

Како правилно да нанесете руменило

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.