Почетна » Убавина и мода » Тело » 10 митови за убавината на кожата

10 митови за убавината на кожата

Масажа на лице
Масажата на лицето ја подобрува циркулацијата и ја разубавува кожата.

Мит 1. Пиењето на два литра вода дневно ја прави кожата убава и здрава.
Вистината: Кинезите сметаат дека нашето тело е дизајнирано така што ни кажува кога му е потребна вода. Според нив, пиењето на големо количество вода непотребно натоварува некои органи како бубрезите. Кожата е последниот орган од телото кој што би ги почувствувал ползите од водата. Најдобро е да консумирате вода кога сте жедни. Пијте вода преку целиот ден. Внесувајте повеќе вода ако сте јаделе солена храна, пиеле алкохол или сте биле изложени на сонце.

Мит 2. Масажата на лицето ја прави кожата поубава.
Вистината: Масажата на лицето ја зголемува циркулацијата на крв, а може и да ја намали појавата на акни.

Мит 3. Мачкањето со пиво пред сончање дава златен сјај на кожата.
Вистината: Докторите денес препорачуваат да се избегнува сончањето или користењето на солариум. Нанесувањето на пиво не влијае на никаков начин за добивањето на убав тен со златен сјај. Некои луѓе имаат предиспозиции да добијат убав тен, но повеќето само поцрвенуваат под зраците на сонцето. Сè е до гените.

Мит 4. Коректорот треба да биде посветол од вашата кожа.
Вистината: Ако употребувате коректор кој е со една или две нијанси посветол од вашата кожа, прикривањето на недостатоците на лицето ќе изгледа неприродно и вештачко. За успешно да ги прикриете темните кругови околу очите, употребувајте коректори со жолта основа. Кога купувате коректор, правете го вашиот избор во поголеми продавници за козметика, каде што ќе можете да ги искористите тестерите за проба. Не ја користете дланката на раката за тест при вашиот избор.

Мит 5. Кафето и чоколадото предизвикуваат акни.
Вистината: Насекаде околу нас можеме да сретнеме жени кои што се на строга диета и не консумираат ниту кафе, ниту чоколадо, а сепак имаат проблем со акните и црните точки. Научниците потврдуваат дека консумирањето на чоколадо не предизвикува проблеми со кожата. Најголем непријател на убавината на кожата е стресот.

Мит 6. Пастата за заби лечи акни.
Вистината: Пастите за заби содржат ментол и други активни состојки, кои што ги сушат акните и овозможуваат нивно брзо исчезнување. Но, во истото време пастите ја иритираат и непотребно ја сушат кожата. Затоа, при лекувањето на акните подобро е да користите кремови наменети за тоа.

Мит 7. Коцките мраз ги намалуваат порите.
Вистината: Големината на порите е генетски предодредена. Едноставно едни луѓе имаат помали пори, а други – поголеми. Ништо не може да ги направи порите помали.

Мит 8. Целулитот значи прекумерна телесна тежина.
Вистината: Независно од тежината, секој може да има целулит. Целулитот е проблем за 85% од жените, дури и за манекенките. Вежбањето и зголемувањето на мускулната маса може да ги намали маснотиите под кожата. Не постои лесен начин да се ослободите од целулитот. За успешно да го отстраните комбинирајте ги вежбањето, здравата храна и масажата.

Мит 9. Бричењето ги прави влакната погусти.
Вистината: Независно дали за отстранување на влакната користите брич или се депилирате, бројот на влакната останува ист. Вие ќе имате толку влакна колку што ви е генетички предодредено. Кога ги бричите влакната тие стануваат поостри и поцрни, затоа што ги пресекувате до површината на кожата. Со депилацијата влакното се извлекува од внатрешноста на кожата и затоа кога ќе порасне има помек врв.

Мит 10. Потстрижувањето на трепките на очните капаци помага тие да растат подолги.
Вистината: Потстрижувањето на трепките е погрешно и глупаво. Овој мит можеби е вистинит за 1% од жените, но не и за останатите 99%. Не правете го тоа, затоа што има голема веројатност трепките да не израснат повторно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19742 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.