Почетна » Убавина и мода » Шминка » Корективна шминка

Корективна шминка

Ние жените никогаш не сме задоволни од својот изглед. Секогаш, стоејќи пред огледалото, пронаоѓаме нешто што би го промениле по лицето или по телото. Во многу случаи шминката може да ни биде најдобар сојузник. Таа може да направи чуда, кога станува збор за прикривање на недостатоците на лицето.

Ако имате големи очи...

Најдобриот начин да го одвлечете вниманието од големите истакнати очи е да користите темни сенки и молив за оцртување на контурите на очите. Избегнувајте светли сенки за очи.

За дневна шминка, употребувајте неутрална сенка за очи која е две нијанси потемна од вашиот тен. Нанесете ја сенката на капаците на очите и оцртајте ги очите со црн или темно-кафеав молив. Не дозволувајте да се познава строга линија. Оцртајте го и долниот дел на окото и завршете го шминкањето со маскара за волумен. Не користете маскара која ги издолжува клепките.

Шминка за големи очи (Видео)

Ако имате мали очи...

Шминката може да ви помогне визуелно да ги зголемите малите очи, но само ако ја нанесувате правилно. Ако имате темни кругови околу очите, започнете од нив. Прикријте ги со коректор со жолта основа, за да ги неутрализирате. Ако не го направите тоа, тие ќе направат вашите очи да изгледаат уште помали од тоа што навистина се.

За да ги истакнете малите очи, избирајте сенки кои се контрастни на бојата на вашите очи. Доколку имате сини очи, со кафеава сенка ќе постигнете вашите очи да изгледаат поголеми и да се истакнат. Пурпурните нијанси одговараат за кафеави очи. Никогаш не користете сенка за очи која е иста боја, како бојата на вашите очи. Избегнувајте ги темните сенки, затоа што тие визуелно прават очите да изгледаат помали.

Нанесете бела сенка на внатрешната страна на очниот капак, а потемна сенка на надворешната страна. Оцртајте ги очите со темен молив, но внимавајте линијата да биде тенка. За подобар ефект продолжете со оцртувањето малку понадвор од надворешниот агол на окото.

Маскарата прави чудо за малите очи. Нанесете повеќе од маскарата на клепките кои се од надворешната страна на окото.

Шминка за мали очи (Видео)

Ако имате голем нос...

Користете и дополнителна пудра која е две нијанси потемна од вашиот тен, за да ги прикриете недостатоците на носот.

Ако имате дебел нос, нанесете од потемната пудра на двете страни на носот, за да направите да изгледа визуелно послаб. На средината користете од пудрата од која секогаш си користите и која одговара на вашиот тен.

За вашиот нос да изгледа пократок, треба да нанесете од потемната пудра под носот и во горниот дел кај очите. На средината користете посветла пудра.

Внимавајте да не се познава остра граница помеѓу пудрите со различна нијанса. Нанесувајте од пудрата малку по малку.

Шминка за дебел нос (Видео)

Ако имате тенки усни...

Употребувајте молив за усни со иста боја како бојата на вашите усни за поприроден изглед или со иста боја како карминот кој што планирате да го ставите покасно. Употребувајте кармини со светли бои. Ако користите темни бои ќе добиете ефект спротивен на тој што го посакувате, т.е. вашите усни ќе изгледаат потенки.

Оцртајте ги контурите на усните, не излегувајте надвор од нив. Моливот треба да поминува по линијата каде што усните се поистакнати од лицето. Откако ќе ги оцртате, нанесете од моливот на надворешните агли на усните. Ставете кармин. Потоа нанесете сјај на средината на горната и на долната уста. За крај ставете сјај за усни со златен блесок на средината на долната усна. Сјајот ќе ја истакне устата и ќе направи визуелно да изгледа пополна.

Шминка за подебели усни (Видео)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.