Почетна » Новости » Мода » Контурирање на лицето во неколку едноставни чекори

Контурирање на лицето во неколку едноставни чекори

Контурирањето на лицето привлекува сè повеќе обожавателки, но совладувањето на вештината на успешно сенчење и истакнување на одредени делови од лицето е голем предизвик.

Куртис Ден-Микелсен стои зад минималистичкиот водич кој ќе ви помогне да контурирате како професионален мејкап артист.

Покрај пудрата која редовно ја користите, потребни ви се две пудри или коректори во стик (едната две нијанси потемна од вашата кожа, другата две нијанси посветла).

Прво нанесете ја по целото лице пудрата која редовно ја користите и која совршено се слева со вашиот тен.

Нанесете од темната пудра на слепоочниците, под јаболчиците, на носот, во долниот дел на брадата, непосредно под долните усни и на краевите на долната вилица. Доколку имате високо чело, нанесете и на најгорниот дел од челото, по линијата пред почетокот на косата.

Контурирање на лицето Контурирање на лицето

Откако внимателно ќе ја размачкате темната пудра, нанесете светла пудра под очите и по средината помеѓу долната вилица и јаболчиците. Потоа нанесете малку пудра на најиспакнатиот дел од брадичката, помеѓу веѓите и по должината на коската на носот.

Контурирање на лицето

За кадифен финиш, завршете го контурирањето со безбојна пудра во прав.

Контурирање на лицето Контурирање на лицето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.