Почетна » Убавина и мода » Мода » Шеика Моза бин Насер: стилска икона и моќна социјална и политичка фигура

Шеика Моза бин Насер: стилска икона и моќна социјална и политичка фигура

Шеика Моза бин Насер ал Миснед е модерна стилска икона, влијателна интелектуалка и неуморна активистка.

Шеика Моза Шеика Моза

58-годишната дама е една од трите сопруги на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани, и мајка на седум негови деца, меѓу кои и моменталниот емир на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани. И покрај тоа што нејзиниот сопруг се откажа од престолот во интерес на својот син, шеика Моза останува заштитен знак на Катар и една од највлијателните жени на Блискиот Исток и светот.

Шеика Моза е исто толку активно вклучена и влијателна на политичката сцена колку што се нејзиниот сопруг и син. Вели дека не ѝ недостига статусот прва дама на Катар бидејќи повеќе ужива во работата како социјален активист. И навистина, активизмот на Моза ги импресионира сите што ја запознаваат нејзината приказна, а странските дипломати се воодушевуваат од нејзината моќ и интелигенција.

Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза

Во 2007 година таа се најде на 79. место на листата на Forbes на 100 највлијателни жени во светот, а во 2015 година и на листата на најдобро облечени жени во светот на списанието Vanity Fair. По вклучувањето на шеика Моза на листата на Forbes, нејзината актуелност само се зголеми, а светот ја запозна не само како гламурозна дама што стои покрај Шеикот, туку и како моќна социјална и политичка фигура.

Нејзините смели иницијативи се насочени кон подобрување на ситуацијата на жените на Блискиот Исток, искоренување на домашното насилство, овозможување на непречено образование и заштита на правата на децата и жените.

Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза

Моза бин Насер е родена во 1959 година и е ќерка на бизнисмен од кого ја наследила љубовта кон образованието. Според неа, образованието треба да се цени и секој треба да има слободен пристап до него. Своето образование го започнала во Египет. И покрај тоа што сакала да биде докторка, се одлучила за социологијата. Дипломирала на Катедрата за социологија на Универзитетот во Катар. По завршувањето на студиите одлучила дека учењето не смее да запре во ниеден стадиум од животот.

Оттогаш и започнува нејзината работа на планот на модернизацијата на образовниот систем во Катар. Во 1995 година, Моза и нејзиниот сопруг ја основале Фондацијата на Катар за образование, наука и општествен развој, која е активна сѐ до денес. Фондацијата на Моза е заслужна за отворањето на американски универзитети на територијата на Катар преку т.н. програма „Град на образованието“. Со оваа програма, преку 14 милиони метри квадратни се искористени за изградба на студентски кампуси, универзитетски згради и институти. Програмата обезбедува и средства наменети за научни истражувања, како и за други економски и социјални проекти.

Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза

Моза е творец и на повеќе програми за подобрување на здравствениот систем во Катар. Моментално е главна во одборот на медицинскиот и истражувачки центар Сидра (Sidra Medical and Research Centre), којшто е на пат да стане водечка институција специјализирана за здравјето на жените и децата. Шеика Моза е заслужна и за создавање на повеќе програми за вработувања на младите на Блискиот Исток и во северна Африка, како и за помош на маргинализираните заедници и сиромашните. Таа и самата магистрирала на Одделот за исламистика на Универзитетот во Катар, а наградена е и со пет почесни докторати од светски универзитети. Носител е и на неколку престижни награди во чест на нејзината филантропија и заслуги во подобрувањето на интернационалните релации.

Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза

Покрај тоа што Моза е светски позната интелектуалка и активна на светската политичка сцена, не останува незабележан и нејзиниот оригинален и беспрекорен стил. Нејзините стилски избори се храбри исто колку и нејзиниот социјален ангажман. Таа делумно ја прекршува исламската традиција која налага носење на хиџаб, но затоа стилизираните турбани, од кои сепак се гледа дел од нејзината коса, стануваат нејзин препознатлив знак. Позната е и по раскошните фустани, повеќето во живописни и впечатливи бои, но и по честата појава во панталони, што е исто така неприфатливо во исламскиот свет.

Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза

При своите јавни појавувања и средби со светските политичари, Моза е секогаш поим за елеганција. Модните критичари често идентификуваат парчиња од светските модни брендови во нејзините комбинации. Шанел, Живанши, Диор и Валентино се само дел од модните куќи од кои Моза често избира креации. Со текот на годините, таа изгради свој препознатлив и софистициран стил кој ги воодушевува модните критичари.

Шеика Моза

Во склоп на Фондацијата, Моза го поттикна лансирањето и на локалниот бренд Qela, како и Qatar Luxury Group, со цел да стимулира млади да студираат дизајн. Таа и самата креира облека за себе, а сопствените дизајни ги реализира во соработка со светски дизајнери.

Моза вели дека не сака да ангажира стилист бидејќи никој точно не ги разбира нејзините желби. „Мојот стил е да бидам облечена во нешто што ја почитува традицијата, но истовремено е модерно и практично“ - објаснува таа.

Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза Шеика Моза

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.