Почетна » Новости » Занимливости » 60-годишната шеика Моза бин Насер елегантна дама во две креации во Катар

60-годишната шеика Моза бин Насер елегантна дама во две креации во Катар

Како поранешна прва дама на Катар и мајка на сегашниот емир, шеиката Моза бин Насер не пропушти да биде дел од отворањето на Националниот музеј на Катар во Доха.

Како и секогаш, 60-годишната интелектуалка и активистка одушеви со својот изглед. Моза чекореше покрај шеикот Хамад бин Калифа ал Тани во креација од колекцијата висока мода за сезоната есен 2017 на Кристијан Диор.

Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер

Свеченоста по повод отворањето на музејот собра врвни имиња од областа на културата, модата и дизајнот, меѓу кои беа Џони Деп, Викторија Бекам, Дајен фон Фирстенберг, Оливие Рустан, Жозефин Скривер, Изабел Голарт, Карла Бруни, Никола Саркози и многу други.

Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер

Во рамките на настанот, организацијата Fashion Trust Arabia им додели награди на најдобрите дизајнери во регионот. Како почесен член на организацијата, Шеика му ја додели наградата за Најдобар дизајнер на вечерна облека на Крикор Јаботијан.

На манифестацијата по повод доделувањето на наградите, таа блесна во креација од Амна Алсалем.

Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер Моза бин Насер

Моза се запозна со Викторија Бекам, која за време на настанот носеше свои креации.

Моза бин Насер Моза бин Насер
Моза бин Насер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.