Почетна » Новости » Занимливости » Шакира и шеика Моза се сретнаа во Катар со цел поквалитетно образование на децата

Шакира и шеика Моза се сретнаа во Катар со цел поквалитетно образование на децата

Шакира и шеика Моза бин Насер се сретнаа во Катар за да помогнат во обезбедување на квалитетно образование на сите деца ширум светот, особено на оние од посиромашните земји.

42-годишната пејачка и 60-годишната поранешна прва дама на Катар учествуваа на Светскиот иновативен самит за образование.

„Разговарав со шеика Моза бин Насер, изворедна жена која го револуционизира образованието во Катар и низ целиот свет“ – напиша Шакира во описот на фотографиите.

Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза

На нивната средба беше потпишан договор со добротворната организација на Шакира, со кој ќе им се обезбеди образование на 54.000 деца во Колумбија.

Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза

Шакира изјави дека една од најзначајните работи кои ги направила е основањето на организацијата „Pies Descalzos“, преку која се залага за собирање средства за потпомагање на семејства од ранливи категории во родната Колумбија.

„Ова е една од најзначајните работи кои сум ги направила во животот, дури и повеќе од освојувањето на Греми награда. Образованието помага во создавањето рамноправност. Затоа го започнав најважниот проект во мојот живот, за да донесам квалитетно образование за сите деца“ – вели таа.

Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза

Шеика Моза е една од трите сопруги на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани, и мајка на седум негови деца, меѓу кои и моменталниот емир на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани. И покрај тоа што нејзиниот сопруг се откажа од престолот во интерес на својот син, шеика Моза останува заштитен знак на Катар и една од највлијателните жени на Блискиот Исток и светот.

Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза Шакира и Шеика Моза

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.