Почетна » Убавина и мода » Мода » Чизми – зима 2009/2010

Чизми – зима 2009/2010

Времето веќе ни покажува дека се ближи првиот снег и многу од нас точно сега тргнуваат во потрага по нов пар чизми. Изборот на чизми варира во зависност од индивидуалните преференции. На некои жени важен им е само изгледот, други бараат квалитет, а трети пак удобност и топлина.

Модните трендови за чизми за оваа зима вклучуваат за секого по нешто. Ние ги издвоивме најинтересните и најатрактивните од нив.

Ултра високи чизми над коленото

Најголем хит оваа зима се ултра високите чизми над коленото. Скоро сите познати дизајнери го поддржаа овој тренд и во своите колекции вклучија екстра високи (over the knee) чизми.

Дали ќе изберете високи чизми со висока штикла и платформа или без штикла не е важно, затоа што и во двата случаи ќе бидете во чекор со модата. Особено атрактивни се тесните високи чизми, но ако не се чувствувате удобно да ги носите, изберете пошироки модели.

Оваа сезона се истакнуваат темно сината, сивата, темната црвена, виолетовата, темно зелената и класичната црна боја. Нема да погрешите и ако си купите пар чизми во боја на шампањско.

До пред некое време овој тип на чизми се асоцираше само со еротика и секс, па затоа треба да бидете многу внимателни со каква облека ги комбинирате. Високите чизми се идеални во комбинација со кратка сукна, фустан или со многу тесни фармерки и хеланки.

UGG чизми

Кога станува збор за Ugg чизмите, мислењето кај жените е разделено. Едни се луди по нив, а други ги сметаат за грозни, смотани и велат дека никогаш не би ги ставиле на себе.

Овој тип на чизми се изработени од овча кожа и одвнатре се обложени со волна. Ако барате удобност и топлина, овие чизми се идеални за вас.

Многу славни личности се страсни обожавателки на Ugg чизмите. Меѓу нив се: Сара Џесика Паркер, Џенифер Анистон, Ева Лонгорија и Памела Андерсон.

Освен класичните модели, денес можат да се најдат и плетени Ugg чизми во различни бои.

Гумени чизми

Ако ги сметате Ugg чизмите за грозни и смотани, нема како да ги сакате гумените чизми. Навистина овие чизми си имаат свои предности поради тоа што ги заштитуваат нозете од снег и дожд, но нивниот изглед не е баш примамлив за префинетото женско око.

Во почетокот гумените чизми се произведувале само од специјализирани фирми како Evercreatures, Aigle, Joules и Hunter. Денес, како што расте нивната популарност сè повеќе модни брендови како Versace, Burberry, Benetton имаат свои модели на гумени чизми.

Сепак, ако ги комбинирате со соодветна облека, гумените чизми може да ве направат модна кралица. Ако решите да носите гумени чизми, комбинирајте ги со хеланки или фармерки и внимавајте да ви одговараат на стилот на облекување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.