Почетна » Убавина и мода » Мода » Спортски гламур, емоции и студентски приказни за крај на Моден Викенд Скопје

Спортски гламур, емоции и студентски приказни за крај на Моден Викенд Скопје

Со импресивна ревија на македонската дизајнерка Олгица Ѓоргиева, заврши дваесеттата сезона на најголемото домашно модно случување, кое изминатите три дена се одржуваше во Музејот на град Скопје, приклучувајќи се кон прославата на 70-тиот јубилеј на монументалниот објект во метрополата.

Џолев и уметностите

Дека на македонската мода ѝ претстои светла перспектива, први на третиот ден од Моден Викенд Скопје докажаа студентите од Академијата за Моден Дизајн во склоп на „Џолев и уметностите" и „Сеавус Едукативен и Развоен центар", преку групна ревија во која се преточени индивидуални дизајнерски приказни под менторство на професорот Никола Ефтимов.

Идеологијата која ги врзува „Attitude“ на Елена Маџирова, „Back to the roots” на Ангела Доневска, „Memory of a town“ на Мирјана Јосифоска, „Vanity ” на Ана Марија Атанасовска и „Рефлексија“ на Марија Стојановска е општествената одговорност. Тргнувајќи од грижа за околината во која живееме и работиме, до создавање производи водејќи грижа за ефективно учество во социјалниот, еколошкиот, умствениот, како и економскиот напредок на нашето окружување.

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје

Наталија Терзија

Наталија Терзија премиерно ја промовираше линијата за sport-glam облека „Terziya movement“, проткаена со минималистички комфор и доза на футуризам. Колекцијата се состои од петнаесет безвременски изгледи, кои се создадени за непрекинато движење, како есенција на животот. Во целиот концепт на оваа модна линија, таа развива поттик за виталност и здрава свест низ урбана димензија, кршејќи ги бариерите во однос на телесните облици и наметнатите општествени стандарди.

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје

Сара Реџиќ

Како претпоследна учесничка на настанот, имагинацијата за есен-зима 19/20 пред публиката ја прикажа Сара Реџиќ. „Romantic fall“ е името на колекцијата со која во нејзин препознатлив стил, дизајнерката сака да ја разубави претстојната сезона. На модната писта излезе со дваесет и пет креации изработени од безвременски материјали, давајќи им повторна шанса да светнат во полн блесок и сиот раскош што го носат во себе. Бидејќи е голема вљубеничка во рачната изработка, ниту овојпат не изостанаа карактеристичните рачно изработени детали.

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје

Go by Olgica Gjorgieva

Со колекцијата „E!Motion“ на „Go by Olgica Gjorgieva“, поддржана од Merz Spezial, козметичката линија за убавина, чии производи гарантираат целодневна нега, свежина и здравје на кожата, косата и ноктите, пак, официјално заврши програмскиот дел на јубилејното издание. Испратена со аплаузи и овации, македонската дизајнерка предизвика вистинска бура од емоции со парчињата облека, акцентирајќи дека да се сакаш себеси е една од најмоќните и највистинските емоции во животот. Пред и после секоја одржана ревија, повторно можеше да се слушнат изведбите на Јон Бела и бендот Moonage.

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19661 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.