Почетна » Новости » Мода » 21. Моден Викенд Скопје: Дигитално издание со домашни дизајнери и странски брендови

21. Моден Викенд Скопје: Дигитално издание со домашни дизајнери и странски брендови

Новите колекции од учесниците на дваесет и првата сезона, ексклузивно ќе бидат презентирани од денеска на социјалните мрежи, со премиера на снимените видеа и фотографии во партнерство со Skopje City Mall.

Ветерот носи убаво време. Време за блесок и процут. Време за љубов и надеж. Време за полет и подем. Под слоганот „FWSK goes DIGITAL“, најголемиот моден настан во градот ја започнува втората декада oд постоењето во едно сосема поинакво руво, следејќи ги во чекор актуелните тенденции од метрополите ширум светот.

Дваесет и првата сезона на Моден Викенд Скопје е конципирана како мултимедијален проект во дигитално издание, па наместо од редовите во публика, широката јавност сега има шанса виртуелно да го проследи и од своите домови. Организацискиот тим на манифестацијата за секого од учесниците направи промотивни видеа и едиторијални фотографии, пружајќи им максимална поддршка на домашните дизајнери во моментот.

Моден викенд Скопје

Нивните колекции „оживеаа“ во футуристичко-индустрискиот амбиент на кровот од трговскиот центар Skopje City Mall, чии продавници за странски луксузни брендови дополнително ја збогатија програмата со разнолична понуда на облека и аксесоари за пролет и лето. Што сè може да очекуваат модните сладокусци и љубителите на уникатни парчиња, во деновите кои ни претстојат на социјалните мрежи Instagram и Facebook, или, пак, на официјалниот YouTube канал на МВСК?

Прва под синото и сончево небо над Скопје блесна колекцијата „White Stone“ so потпис на Евгенија Зафировска. Изработенa е од природни материјали, а надополнетa со чипка и елементи од рециклиран материјал. Преовладуваат белата и светлите бои, со микс на геометриски образци и простор за создавање чувство на проток и нежни струи. Во креациите на македонската дизајнерка со љубљанска адреса е постигнат совршен баланс помеѓу архитектурата и природата. Инспирација за нивната грациозност и одржливост претставува белиот брачки камен од кој е изградена Диоклецијановата палата.

Моден викенд СкопјеЕвгенија Зафировска

„Vibrant Muse“ е називот на колекцијата од младата и талентирана Блерта Османи, инспирирана од мексиканската култура, уметноста и воодушевувачките автопортрети на Фрида Кало. Палетата на бои, како и везовите и цветните дезени на креациите, автентично ја отсликуваат мексиканската традиција и самата уметница, феминистичка икона и муза на стилот.

Моден викенд СкопјеБлерта Османи

Новата колекција на накит и облека од брендот Terziya го опишува екот на минимализмот во вечерните изгледи кон крајот на седумдесетите години во Њујорк. Накитот е дваесет и четири каратна позлата со жолто злато изработена во Бразил со полудраги и драги камења од проверено потекло, надополнет со кожа од питон на одредени примероци и природни кристали. Оваа колекција накит гаи посебна естетика на безвременска елеганција, истовремено носејки ги благодетите на природните камења. Начинот на изработка дозволува камењата да бидат во постојан допир со вашата кожа, со цел да го почувствувате влијанието и енергијата на каменот што сте го одбрале.

Моден викенд СкопјеTerziya

По речиси половина деценија отсуство од нашата сцена, дизајнерката Стефанија Насеска приреди сензационален камбек на Моден Викенд Скопје. Нејзината повратничка колекција со наслов „Candy Love“ e визуелна ода за љубовта во пастелни нијанси. Најзастапена е розовата боја во комбинација со шаренило од слатки и нежни тонови кои будат чувство на радост. Посветена е на убавите моменти во животот, а носи една и единствена порака: Ширете љубов!

Моден викенд СкопјеСтефанија Насеска

Модното ателје KTN на сестринското трио Ангелина, Ива и Сандра Китановски, пак, дебитира на настанот со „FemmEPIRE“. Следејќи ја француската нота на кројот, колекцијата гласно говори за добро позната состојба на духот, каде со едноставен спој на црното и белото се слави женската силуета и женскиот потенцијал. Елеганција забележана како танцува помеѓу стиловите: ниедна империја не е создадена за еден ден. Но тој ден, е денес.

Моден викенд СкопјеKTN

За пролет/лето 2020, инспирацијата за Guess колекцијата доаѓа од ултра гламурозниот Беверли Хилс. Моделите се во пастелни тонови со изразена силуета, полни со енергија и разиграност. Кај мажите пак, боите се јаки, кроевите храбри со доза на ретро елементи и интересни принтови за свеж, младешки изглед. Од оваа сезона во рамките на Skopje City Mall, љубителите на брендот Guess ќе имаат можност да ја посетат првата моно бренд продавница во која се застапени колекциите на Guess Jeans и Marciano. Освен женската, отсега достапна е и машката Guess jeans колекција.

Моден викенд СкопјеGuess

Брендот за ексклузивен италијански накит SIGMA Jewelry, одново мами воздишки со новата префинета колекција за тековната сезона. Сите припаднички на понежниот пол со истанчен вкус за аксесоари, несомнено ќе се вљубат на прв поглед во раскошните сетови ланчиња, обетки и прстени, затоа што му даваат исклучително благородна нота на севкупниот изглед.

Моден викенд СкопјеSIGMA Jewelry

Најголемиот луксузен мултибренд во Skopje City Mall, Magnetik Gallery се претстави со гламурозни и екстравагантни парчиња од своето портфолио на врвни брендови: Max Mara Studio, Max Mara Leisure, Marella, Weekend Max Mara, Sportmax, Liu Jo, Patrizia Pepe, PINKO, Joseph Ribkoff и Paul&Shark. Новите сезони ни носат нови модни трендови, меѓу кои комбинирањето на спортско со елегантно, со најголем фокус на впечатливите патики како клучно парче во секоја комбинација. Деним јакна во комбинација со лежерен свилен фустан. И секако спортски гламур како трендот кој допрва ќе се истакне.

Моден викенд СкопјеMagnetik Gallery

Извршен продуцент на дваесет и првото дигитално издание на Моден Викенд Скопје е Света Богова Јовановска. Видеата се дело на Кристијан Шемко и Марина Трајковска, додека автор на музиката е Gloomié. Екипата што придонесе кон успешна реализација на проектот ја сочинуваат: Милан Атанасов, Мајкл Шемкоски, Дамјан Корубин, Виктор Цветановски и Александар Петрушев.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Моделите се дел од модната агенција Podium. За нивниот изглед се погрижија тие индивидуално, почитувајќи ги мерките за социјална дистанца.

Видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.