Најграндиозното шоу на Victoria's Secret ја телепортира публиката во светот на фантазијата.
Театралните костими, драматичните крилја и сексапилните тела на моделите хипнотизираа илјадници гости на ревијата која се одржа во Шангај, Кина.
Спектаклот беше сочинет од шест сегмента - „Goddesses“, „Punk Angel“, „Porcelain Angel“, „A Winter's Tale“, „Millennial Nation“ и „Nomadic Adventure“.
Лаис Рибеиро го носеше градникот од фантазиите „Champagne Nights Fantasy“. Блескавата креација чини 2 милиони долари, а е изработена од дијаманти, жолти сафири, сини топази и 18-каратно злато. Биле потребни 350 часови за да биде завршен градникот декориран со околу 6.000 скапоцени камења.
Вкупно еден милион „сваровски“ кристали блескаа на пистата. Најголем дел од нив се најдоа на костимот на Елза Хоск, која носеше „змејска“ креација со 275.000 кристали.
Ангелите Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Елза Хоск, Џасмин Тукс, Жозефин Скривер, Марта Хант, Стела Максвел, Тејлор Хил, Сара Сампајо, Роми Страјд и Лаис Рибеиро беа придружувани од десетици свои колешки, меѓу кои Бела Хадид, Бланка Падиља и Карли Клос.
За музичкиот дел на шоуто беа задолжени Хари Стајлс, Лесли Одом Џуниор, Мигел и Џејн Џанг.