Неколку дена пред ангелите да дефилираат на новата ревија на Victoria's Secret во Шангај, вратете се 10 години наназад и фрлете поглед на шоуто на познатиот бренд за долна облека кое пред една деценија се одржа во Лос Анџелес.
Армијата „ангели“ е речиси целосно променета. Меѓу манекенките кои тогаш ја разубавуваа ревијата, а веќе не соработуваат со VS, беа Хајди Клум, Миранда Кер, Роузи Хантингтон-Вајтли, Мариса Милер и Каролина Куркова.
Адријана Лима го отвори шоуто
Spice Girls беа музички гости
Викторија Бекам, Ема Бантон, Мел Би, Мел Си и Џери Халивел ја забавуваа публиката.
Алесандра Амбросио беше русокоса
Кендис Сванапул за првпат учествуваше во шоуто
Хајди Клум беше ѕвезда на вечерта
Клум не само што носеше впечатлив костум кој изгледаше како огромна снегулка, туки и запеа на пистата.
Тогаш таа сè уште беше во брак со пејачот Сил со кого настапи заедно. Нивниот бакнеж измами гласни аплаузи.
Градникот од фантазиите чинеше 4,5 милиони долари
Селита Ебанкс го носеше скапоцениот градник наречен „The Holiday Fantasy Bra“.
Погледнете повеќе фотографии од ревијата.